Зградата со социјални станови во Велес треба да заврши со градба во октомври годинава (фото)

Петар Печков

Иако најавено дека изградбата на зградата со социјални станови во Велес, ќе заврши овој месец мај, надлежните најавуваат дека тоа ќе се случи половина година подоцна. Новиот рок е да биде завршена до октомври годинава . Станбената зграда има 29 станови, инвестицијата е  41, 5 милиони денари, средства на Министерството за транспорт и врски.. Зградата е  на пет ката а ја гради „Конструктор“ од Скопје.

“Наша обврска е да создаваме услови ранливите семејства да добијат сигурност и подобри услови за живот.  И заради тоа интензивно работиме на мерки и политики кои влијаат на подобрување на социјалната положба на ранливите категории. Ова е еден од начините како оваа Влада води сметка за згрижување на ранливите семејства. Зградата во Велес се работи со добра динамика и веднаш по нејзиното завршување ќе распишеме јавен повик за распределба на становите”, кажа Благој Бочварски  министер за транспорт и врски.

Тој при посетата на овој објект на 14-ти април лани, најави дека зградата ќе биде завршена мај 2022-ра.

Министерот додаде дека во овој момент во завршна фаза се зградите во Неготино, Демир Капија и Гевгелија, а во моментов во фаза на изградба се 470 социјални станови во Бутел, Сарај, Кочани, Пехчево и оваа во Велес.  

Генералниот директор на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката, Кристијан Трајковски, истакна дека веќе се прават планови за продолжување на овој проект.

“Разговаравме со министерот за продолжување на овој проект и затоа активно работиме на расчитување на имотно правните работи на други локации во општините. Банката даде позитивно мислење за нов заем и на добар пат сме да продолжиме да градиме и низ други општини и да го решаваме станбеното прашање за ранливите категории граѓани.” - изјави директорот на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката Кристијан Трајковски.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати