Здравковски, неуспешниот референдум е неуспешна анкета за која се потроши огромна сума на пари

Петар Печков

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Велес  на прес конференција  изрази  благодарност до сите сограѓани за како што велат  покажаната висока демократска и патриотска свест, на начин што одлучија да не дадат поддршка на договорот за промена на уставното име, идентитетот, историјата, јазикот и традицијата на Република Македонија.

Со ова Велес и велешани, покажаа дека се достојни наследници на Гемиџиите, на Рацин, Брашнаров, Главинов и еден куп големи Македонци, и дека и покрај сите притисоци од индивидуалци кој се вршители на функции во локалната и централната власт, тие достојно останаа на својот став за неприфаќање на штетниот договор со Грција. Ние постојано кажуваме дека сите сме за Македонија во Европска Унија, за Македонија во НАТО, но не смееме по цена на губење на достоинството и виткање на кичмата да прифаќаме самоуништувачки договори.

Овој неуспешен референдум, сега можеме да констатираме дека е една неуспешна анкета спроведена од страна на СДСМ и нивните коалициони партнери за која се потрошија огромна сума на пари кој беа наменети за обезличување на граѓаните.

Во општина Велес, СДСМ за една година изгуби точно 3531 глас, односно од добиени 15.962 гласови на локалните избори, референдумот го поддржаа 12.431 граѓани или во проценти тоа е околу 20% губење на поддршката. Катастрофалната економска политика на централно ниво со 0,1% економски раст, криминалните тендери во четири очи, срамниот договор со Грција со кој требаше да се откажеме од сите светости,  манипулациите на Аце Коцевски, штетните и антимакедонски потези на Панче Иванов, нетранспарентното работење, немање дебати и јавни расправи по прашања кој се од огромна важност за граѓаните, партиските вработувања без никакви критериуми се вистинската причина за губењето на гласовите на СДСМ.

Исто така можеме да констатираме дека реализацијата на нула проекти кој беа предвидени во изборната програма – Живот за сите меѓу кои се капиталните проекти за Затворениот пазар, Катна гаража, атмосферска канализација на улиците од погорниот дел од градот кој требаше да се реализираат во текот на оваа година, како и помалите зафати кој никаде ги нема, придонесоа за падот поддршката од 3531 граѓанин на СДСМ во Велес.

Велешани  ги прочитаа Зоран Заев и СДСМ, ја видоа нивната погубна политика и затоа опадна нивната поддршка помеѓу граѓаните, а и во периодот што следува дополнително ќе се намалува - изјави на прес конференцијата Игор Здравковски претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ за Велес.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати