Здравковски од протестот во Велес - Борисов да се извини па после договор со Бугарија

Петар Печков

Вечерва ВМРО-ДПМНЕ во Велес  одржа протест со автомобили, под мотото „Протест сега, за да не биде предоцна!“ На платото пред споменикот на Кочо Рацин, во центарот  на градот,  испратиja порака дека „Зоран Заев мора да замине“, но и потсетуваа на историјата  и различностите со соседна Бугарија.

Да се повика Бојко Борисов, исто како Вили Брант, германскиот канцелар во  декември 1970 клекна во Варшава и побара прошка и се извини  тоа што го сториле во Втора Светска Војна. Тоа треба да го направи и Борисов, да се извини за нивните злосторства, па пота да се договараме. Како да им простиме, кога тие не побарале прошка. меѓу интернираните македонски Евреи има и Евреи од Велес.  Не смееме да попуштиме, оти ова е последното нешто што можеме да го одбраниме. Ако немаме идентитет, јазик, националноста, се е залудно - кажа Игор Здравковски, пратеник и претседател на велешкиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ.     

Пред присутните говореше Слободан Ников историчар од Историскиот Архив.

Ни укинаа дел од античката историја.  Ја губиме средновековната историја, се откажуваат од нашите преродбеници. А на пат сме да го изгубиме и Гоце Делчев. Ги губиме сите војводи и комити, ги губиме Гемиџиите.  Да потсетам дека нашите источни соседи во Втората Светска војна беа фашистички окупатори, тука спроведуваа насилна власт, која нашите предци и велешани добри ја помнат, ама по лошо.   Како да ги зборавиме стреланите на Пуста кула, стрелнати во Долно Јаболчиште, стреланти во Богомила, Фојничка пештера, Невена Георгиева Дуња на која ан 16 години и ја пресекоа главата и ја шетаа. Или да ја заборавиме Маца Овчарова која што жива ја закопаа - рече Ников.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати