Здравствена состојба на жителите на Вардарски плански регион

Петар Печков

Болестите  на циркулаторниот  систем, во 2015-та година  се најчеста причина за смртноста на  жителите од  Вардарскиот плански  регион (ВПР).

Во четирите општини Велес, Кавадарци, Неготино и Свети Николе, каде гравитираат и останатите пет, помали од овој регион –Чашка, Градско, Лозово, Росоман, Демир  Капија, скоро две третини од смртноста е  токму поради  болестите  на кардиоваскуларниот  систем.

Или  во Општина Велес (заедно со Чашка и  Градско)  од 802 починати  491  што е 61% се од болести  на циркулаторен систем,   во Општина Кавадарци (со   Демир Капија и  Росоман)  од  489 починати   315 се од неа што е   64%, во Општина Неготино од 256 починати  168  или 65%  и во Општина Свети Николе  (со Лозово) од 260 починати 141 -54%  се од болести на кардиоваскуларниот   систем.  

Во овие четири општини втора причина за смртноста се неоплазмите- малигните заболувања. Или во бројки состојбата е следна.  Во Општина Велес има 147  починати, во општина Кавадарци  92, општина Неготино 45 и општина Свети Николе 49, што без исклучок во сите четири општини,  секаде е 18 отсто од бројката на починати  е од малигни заболувања.  На трето место според причина за смртноста  во општина Велес  и Општина Кавадарци  се респираторните болести  со  4,7% односно со 3,5%,  во општина Неготино со 4,7%  се повредите и труењата а во Општина  Свети Николе со  5,4% се  ендокрините и метаболични болести.  

Според статистиката во 2015-та година, бројката на вкупно починати бебиња во општините на Вардарски плански регион е  13, седум од нив се  во Велес, три  во Свети Николе и  две во Неготино а едно во  Кавадарци.  

Стапката на илјада  живо родени   е  9,8 во Велес,  2,1 во Кавадарци,   8,2 во Неготино  и  15,4 во Свети  Николе. За ваквата здравствена состојба на   138.595 жители на општините на Вардарски плански регион се грижат 365 лекари и  200 специјалисти.  

Најдобра е состојбата во општина Кавадарци каде   еден лекар се грижи за 355 жители, па општина Велес  со 396,    во општина Неготино еден лекар дава здравствена  нега на  509 жители додека во Општина Свети Николе е најлоша каде 659 жители чекаат здравствена услуга од еден лекар.  

Разочарувачки е што во сите четири општини,  бројот на пациенти  кои чекаат здравствена услуга од еден лекар,  е послаба од  републичкиот просек кој е  346 жители на еден  доктор.    

Повисоката  специјалистичка услуга во овие четири општини, во просек на илјада жители, чекаат многу повеќе пациенти.  Повторно кавадарчани имаат најдобар просек со  623 жители на еден специјалист, велешани   682, неготинци   1116 а 1572  светиниколци  имаат еден специјалист.  

За да добијат здравствена услуга  жителите на општините од Вардарски плански регион  имаат 123 медицински единици. Најмногу од нив 48 се во Општина Велес,  34 во општина Кавадарци, 22 во Општина Неготино и 19 во општина Свети Николе. Поразувачки е фактот што во општина Свети Николе и Општина Неготино, каде живеат 36 илјади граѓани, нема установа од секундарната  здравствена заштита, или кратко кажано Болница. Па затоа жители од овие две  општини мораат стационарно да се лекуваат во соседните градови, Штип, Велес, Кавадарци.    

Затоа пак во  општина  Велес е лоцирана единствената Болница за  градни болести и туберкулоза – Јасеново.    Бројката на стоматолози во општините на ВПР е   како и за докторите, најдобра застапеност е во Кавадарци каде во 2015-та имало  46 стоматолози или  еден на 935 жители, во Неготино 17  стоматолози што е  еден забар за  1.379 жители,    во Велес има  47 што е  1408 жители на еден стоматолог додека повторно  во Свети Николе е најлоша состојбата со 10 стоматолози или 2.044 на еден стоматолог.  

Во овие четири општини има   15 здравствени амбуланти во селата, во велешко и кавадаречко по пет, во светиниколско три и неготинско две.  Колку граѓаните се грижат за  своето здравје покажува податокот за тоа  колку посети имаат дневно кај општ доктор.  Најмногу  за своето  здравје се грижат кавадарчани с о 30,1 посета на ден, па светиниколци со 27,6,  велешани со 26,3 и неготинци со 20,3. За илустрација републичкиот просек е 21,8 посети на еден кај еден доктор од општа медицина.   

***Оваа анализа е изготвена со помош на грант доделен преку проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи”, што го спроведуваат Центарот за граѓански комуникации, НВО Инфоцентар и БИРН Македонија. Содржината на анализата е единствена одговорност на Извиднички одред Димитар Влахов, Велес, на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија*** 

loading...

Поврзани »

loading...

ИТНИ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Советот на Општина Велес на седницата одржана на ден 27.11.2017 година, донесе
ОДЛУКА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ ИТНИ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Конкурс за стипендирање на талентирани ученици и студенти за учебната 2017/2018 година

Во согласност со Програмата на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес 25-5299/3. Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес на ден 13.12..2017 година, распишува К О Н К У Р С

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (ДЕКЕМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com