Здравствен дом со грант од Кралството Јапонија

Петар Печков

Денес, 20 февруари, 2019, Амбасадата на Јапонија во Скопје ја прослави 25 годишнината од воспоставување на дипломатските односи помеѓу Јапонија и Македонија и потпиша грант договори во вредност од 431.885 евра.

Церемонијата на потпишување на грант договори ја отвори амбасадорката на Јапонија, г. Кеико Ханеда. Вкупната сума на Грант програмата за мали проекти и човекова безбедност за фискалната 2018 година изнесува 431,885 евра за 3 јавни здравствени установи, три образовни установи и 3 јавни комунални претпријатија во шест региони во Македонија.

Меѓу нив е и велешкиот Здравствен дом. Проект за подобрување на болничката средина во ЈЗУ Здравствен дом Велес преку набавка на амбулантни возила во висина од 37.175 евра за набавка на две возила за транспорт на пациенти.  Итната помош од Велес пружа помош на територија и на  трите соседни општини, Градско, Лозово и Чашка. 

Велес досега преку донација од Јапонија има добиено апарат мамограф во ЈЗУ Општа Болница вреден 40 илајди евра,  три основни училиште во Велес, Благој Кирков, Јордан Хаџи Константинов Џинот и посебното Маца Овчарова  добија нова котлара и нови санитарни јазли  вредни 54 илјади евра а  велешката противпожарна единица доби ново возило  ВОЛСКВАГЕН АМАРОК вредно 60 илјади евра.

Јапонија започна со активна поддршка преку грант програмата за мали проекти во Македонија, две години по воспоставување на дипломатските односи. Вкупната сума на грант помошта преку оваа програма до сега изнесува преку 6,6 милиони евра. Преку оваа програма се реновирани или опремени повеќе од 66 училишта, 44 јавни здравствени институции и набавени се 27 специјализирани возила за јавни комунални претпријатија или противпожарни служби.

loading...

Поврзани »

loading...


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Какви специјалистички здравствени услуги користите?

  • од јавното здравство
  • од приватното здравство
  • комбинирам
Резултати