Здравствен дом со реконструиран покрив, кој прокиснуваше и беше азбестен

Петар Печков

Изминатиот период се изврши санација и реконструкција на кровната конструкција на зградата на ЈЗУ Здравствен дом Велес.  Овој зафат бил исклучително важен за нив  како здравствена институција.   Вкупно бил реконструирана површина од илјада метри квадратни а вредноста е шест милиони денари, средства обезбедени од сопствениот Буџет на установата.   

Кровот беше во исклучително лоша состојба, прокиснуваше па проблем,и имаа и вработените и пациентите.  При најмали врнежи имаше прокиснување во повеќе работни простории .  Освен тоа покривот беше направен од опасен канцероген  азбестен материјал, кој предизвикува сериозни поледици по здравјето. Затоа кровната површина ја реконструиравме со материјали кои  обезбедуваат водонепропусливост  и имаа топлинска и звучна изолација -    кажа  Николче Димовски директор на ЈЗУ Здравствен дом Велес.

Освен кровот на зградата бил реконструиран и кровот на гаражите и на помошните простории. При тоа е создадена и нова просторија  од 50-тина квадратни метри, која се планира за сала за состаноци и за патронажните  сестри.   

Од почетокот на годинава ЈЗУ Здравствен дом ги доби двете возила, јапонска донација наменети за итната служба. Тие се марка ,,дачија оџи,,. 

Одговарајќи на новинарско прашање, каква е екипираноста на службата на итна помош, која е најекспонирана во работата на оваа здравствена институција, директорот Димовски објасни  дека имаат 11 тима а се планираат и нови вработувања.

Изминатиот период вработивме пет доктори во итната медицинска помош, и обезбедивме 13 тима, кои се доволни за теренот на Општина Велес, во кој влегуваат и општините Градско и Чашка. Една докторка моментално е на неплатен  одмор а една премина на работа во ЈЗУ Општа Болница Велес.  Така имаме  11 тима, кои се доволно.  Имаме одобрение од Министерството за распишување на конкурси за четворица  доктори, пет медицински сестри и еден возач. Но поради предизборниот процес, тоа ќе го сториме потоа - дополни Димовски.         

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати