Земјотрес во Драч - Албанија, се тресеше и Велес

Петар Печков

Ноќеска силен земјотрес го погоди албанскиот град Драч каде  бил со јачина од 6,4 степени а се случил во 3,54 ч.  Досегашните информации од Албанија велат за најмалку шестмина починати и голем број разрушени домови. Земјотреси, како афтер шокови во Албанија се почувствувани се до 9,20ч. при што имало земјотреси и од 5,4 и 5,1 степени.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје, соопшти дека земјотресот силно е почувствуван и во Македонија. Тие што го почувстувале велат деак траел невообичаено долго 15 до 20 секунди.

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала во западните делови на Републиката  - Охрид, Струга, Дебар, Гостивар, Тетово, IV-V степени во Скопје, Кичево, Битола и со интензитет од III-IV степени според истата скала во источните делови на Република Македонија - соопштија од ПМФ. 

Земјотресот  во Драч - Албанија е почувствуван и во Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Грција  и Италија или околу 10 милиони луѓе, велат стручните лица. 

Од Центарот за известување и тревожење во Велес,  информираа дека кај нив досега  се нема јавено граѓанин, да пријави штети од земјотресот кој утрово разбуди дел од велешани. Него силно го почустувале жителите на високите згради и новиот дел на градот, при што предизвика вознемирност и страв.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати