Зошто 1-ви април е ден на шегата

Петар Печков

Некои луѓе веруваат дека оригиналниот Ден на шегата бил моментот кога луѓето не успеале да обрнат внимание кога поголемиот дел од Европа го прифатил Грегоријанскиот календар кој се користи и денес, направен од папата Грегориј во 1582 година.

Новиот календар го поместил почетокот на годината од април на јануари, а оние кои продолжиле да ја слават новата година според стариот датум, на 1 април, биле сметани за априлски будали.

Други тврдат дека Кралот Џорџ III се шегувал дека ќе го напушти престолот на 1 април 1789 година. Кога селаните започнале да слават поради нивната слобода, тие биле уапсени и испратени во затвор.

Друго можно потекло е римскиот Хилариа Фестивал кој се одржувал за време на пролетната рамноденица. За време на фестивалот луѓето носеле маски и учествувале во игри и шеги. 

Според некои верски обичаи, Ное испратил гулаб на 1 април за да види дали надојдената вода се повлекла.

Уште еден ден на шегата. Не е шега, меѓутоа постои уште еден ваков ден. Во Шпанија и поголемиот дел од Латинска Америка, 28 декември е денот кога се шегувате со вашите пријатели, семејството, па дури и непријателите. 

Несогласувања има и во врска со тоа кога шегите треба да се направат. Некои веруваат дека тие треба да се направат напладне, додека други веруваат дека треба да се направат после пладне, додека трети велат дека можат да се прават сè до полноќ

Денот на шегата стана вграден дел од популарната култура, па го прифатија компании како „Google“, „Burger King“, „YouTube“...

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати