Игор Џамбазов добитник на актерската наградата за животно дело „Петре Прличко“

Петар Печков

Актерот првенец Македонскиот Народен Театар  Игор Џамбазов е добитник на актерската награда „Петре Прличко“ која се доделува  за животно дело. Таа е награда за 2021-та година. Оваа информација ја објави неговиот матичен театар, иако досега со години на прес конференција ја  презентираше Општина Велес, која и ја доделува.

„Џамбазов (1963) скоро пет децении е дел од македонскиот театар, филм и култура. Преку остварените ликови на сцената на МНТ, како и на сцените на други театри се испишува и дел на историјата на театарот. Тој е актер за кој безброј пати е констатирано дека е заштитен знак на македонскиот театар и филм. Џамбазов е една од доминантните појави и опстојби на македонската актерска сцена, актер кој се разви во уметник со огромна дарба и разнобразен репертоар. Неговиот актерски опус го разви во комплексна актерска личност која реализира карактерно моќни креации - речиси секогаш главни ликови.  Со постојаноста на квалитетот на сцената, на филмското платно, на телевизискиот екран и на уште низа настани во чија реализација учествува, Џамбазов е вредносен носител на реализации преку кои тој е запаметен/се памети како човек/актер/уметник кој плени, а на сето изминато време му дава значаен белег. Преку неговите остварени ликови, првенствено на сцената на Македонски народен театар и Драмски театар – Скопје се испишува и еден голем дел на историјата на театарот во периодот помеѓу 1984 и 1996 година, декада во која ги остварува некои од своите најпознати улоги и во кои своите ликови ги реализира на начини кои го вреднуваат на највисокото и најпрепознатливо ниво. Истото се докажува и со последните негови остварени улоги во кои е евидентно неговото стекнато искуство, актерска зрелост и изразена моќ во сигурноста на говорот и односот на сцената “ - соопштија од МНТ.

Во НУ Македонскиот народен театар – Скопје е вработен од 1992 година. Претходно, од 1987 до 1992 година работи во Драмски театар – Скопје, откако дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности – Скопје.

Жирито за доделување на наградата „Петре Прличко беше во состав „Жарко Спасовски, Зорица Панчиќ, актери и драматургот Катерина Момева.
Џамбазов е 15-ти добитник на оваа награда. Таа е парична и е во вредност од 30 илјади денари, како и плакета зо ликот на Прличко.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати