Идентификуван пронајдениот леш на овчар на ридот над Башино село

Петар Печков

Велешката полиција со благодарност до медиумите, откако го идентифукуваше телото на починатото лице, пронајдено на ридот над Башино село, пред два месеци.

По објавувањето на информацијата за пронајден машки леш на ден 13.03.2018 год.  кај место викано „Барјаче“ во близина на с.Башино село се јавија повеќе граѓани од кои едно лице го препозна починатиот и по извршените анализи за утврдување на идентитетот на истиот, на ден 14.05.2018 год. со сигурност се потврди дека се работи за лицето А.Б.(50) од Велес. Изразуваме благодарност до средствата за јавно информирање за помошта во расчистување на овој случај - стои во соопштението на СВР Велес.  

Велешката полиција во истиот допис бара помош за пронаоѓање на две лица кои се водат како изчезнати повеќе денови.

На ден 07.05.2018 год. околу 01.00 часот од својот дом на ул.„Љубљанска“ бр.25  лицето Десанка Лапевска(78)  излегла и се упатила во непознат правец. Жената е висока околу 160 цм.  со црвена коса, облечена во сина тренерка и црна блуза на долги ракави и црни чевли.

На ден 22.05.2018 год. околу 07.00 часот лицето Наќо Илчев (66) од Велес излегол од неговиот дом и досега не се вратил. Човекот е висок околу 180 цм. Со беле коса, носи наочари, облечен во тренерки, горниот дел е црн со бели ракави. Виден е последен пат близу игралиштето кај Агенцијата за вработување

СВР Велес ги замолува граѓаните да ги известат за било какво сознание во врска со овој настан.

loading...

Поврзани »

loading...

Ронтис вработува оператори во производство

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

30 (триесет) Оператори во производство



АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

2018-та е зад нас. Како ќе ја помните?

  • како и секоја друга
  • имаше и убави и лоши моменти
  • ми донесе многу радости и убави мигови
  • што поскоро да ја заборавам
  • постар сум за една година
Резултати