Изборите распишани, партиите на терен

Петар Печков

Изборите се распишани, собранието се самораспушти  а партиите експресно излегоа на терен, меѓу народот.Во понеделникот вечер во Велес беше Никола Тодоров, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Почнуваме посета на секое село, општина, град, состаноци со граѓаните. Целта е да побараме да заврши оваа криза, која ја наметна СДСМ. Ги оштети и  граѓаните и  државата и затоа е време да се стави  крај. Затоа бараме поддршка од граѓаните за 63 пратеника и поддршка  која значи крај Зоран Заев да тргува со македонските национални интереси. Разговараме за проектите што сме направиле и што планираме за натаму,за нови работни места, нови инвестиции во здравство, образование, инфраструктура, за покачување пензии, подобар животен стандард , за  нови фабрики, за сите реални проблеми да понудиме решенија во нашата програма – рече Тодоров. 

Лидерот на СДСМ Зоран Заев  напладне во  посетата на Велес и порача дека Македонија може да биде земја за  почит и достоинствен живот.

Со нашата програма имаме цел да ги вратиме парите на граѓаните, заборавивме на луѓето,   сиве овие години на материјални вредности заборавивме на нашиот народ. Платите да се подигнат,  да отвориме работни места за младите, 140 милиони буџетски средства  за време на мандатот да вбризгаме во домашното стопанство. Младите да не` бараат работа во јавната администрација. Ќе даваме по 10 илјади евра  донации за тие е да не се задолжуваат,  да остварат сопствен бизнис. Мора младите да гледаат иднина овде и затоа да се премости тој мост од ниски плати и да се има плата од 30 илјади денари  - рече Заев.

Тој нагласи дека ќе ги намалуваат животните трошоци, преку враќање на евтината тарифа на струјата, 15 отсто од ДДВ, укинување на радиодифузната такса,  како и да  намалат трошоците на извршителите. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати