Избрани граѓанските здруженија кои ќе ги организираат културните манифестации во градот

Петар Печков

Градоначалникот Марко Колев ги потпишал договорите со неколку граѓански здруженија, кои на конкурс ги добија организирањето на пет културни манифестации во градот.

Делегирана надлежност за организирање на  „59 Рацинови средби“ и  „55 Детски Рацинови средби“ ја  добило  Здружението на граѓани „Плус публика Велес“. Делегирана надлежност за организирање на „Меѓународна скулпторска колонија“  ја доби Здружение на граѓани „Папрадишки мајстори Велес“. Делегирана надлежност за организирање на културна манифестација „Насмеј се“ доби ЗГ „Плус публика Велес“. Делегирана надлежност за организирање на „Фестивал на џез ворлд и современа музика“ доби Здружението за култура, уметност и млади „Арт – Генератор Велес“.

За „Муралфест“  нема делегирана надлежност за организирање затоа што не е поднесена ниту една апликација на објавениот конкурс.

Дополнителна информација за здруженијата нема, освен дека  „Папрадишки мајстори Велес“ претходно неколку години ја организираше скулпторска колонија.

Затоа пак од локалната власт објавија дека „организацијата е  во рацете на докажани имиња и професионалци, а нас ни останува да се подготвиме за добра забава, поезија, музика и уметност“. Интернационалниот фолклорен фестивал Велес 2022 е во организација на локалната власт.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати