Изгорените стебла од пожарот, се носат на дробење во Битола

Петар Печков

Изгорените стебла кои се отстрануваат  од опожарените површини од големиот пожар летово, кој  ја зафати околината на Велес,  завршуваат во фабриката за квас во Битола, на обработка.  

Комисија на ЈП Македонски шуми  утврдила  дека е опожарена дрвна маса во неколку оддели во ШСЕ Езеро Младост со  вкупна количина од 4.538м3, која во  значителен број  е целосно изгорена и е во фаза на сушење при што изгубила поголем дел од техничките карактеристики.  Или таа не може да се користи за греење 

Стеблата кои ги чистиме околу езеро Младост се толку многу  изгорени да не можат да се користат освен за мелење. Тоа е скапа работа, се меле со специјални машини  во два наврати, прво крупно па потоа ситно за да можат да се користат во индустријата.  Пласман најдовме во квасара Битола, која единствено  во државата може да го работи ова,  вклучувајќи ги и смолните стебла, какви што беа овие опожарените од црн бор кој изгореа.  Ова е  скапа работа, бидејќи изгорените дрва треба да се транспортираат до Битола. Економска добивка од овие стебла нема  - објаснува Попова. 

Просецот на обработка на изгорените во фабриката за квас во Битола,  дрвја  ќе завршел во првата половина на 2020 година.     

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати