Издадени се шест нови кованици наменети за колекционери

Петар Печков

Народната Банка на Македонија од почетокот на годинава издаде пет ковани пари, чија намена е за колекционерски цели.   Ковани пари за колекционерски цели се уникатни, репрезентативни и со извонредна уметничка вредност и придонесуваат за промоција на Република Македонија.

Кована пара за колекционерски цели: „Јарец“ номиналната вредност е 100 денари а реалната 2,8 илјади денари.  

На аверсот, во централниот дел на монетата се прикажани четири атласа кои го држат небото, и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во центарот, опкружена со соѕвездието Јарец. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот систем. Во позадината е прикажан дел од картата на небото.  На реверсот, во горниот дел од монетата е претставена слика на ѕвездениот атлас Firmamentum Sobiescianum, создаден од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век, со слика на соѕвездието Јарец на вметнато кобалтно стакленце и симболот на хороскопскиот знак Јарец во горниот дел од монетата. Во долниот дел е претставена слика на козорог или  дивокоза, на позадина на цртеж на кој е претставен Сончевиот систем. На левата страна е прикажано латинското име на хороскопскиот знак - CAPRICORNUS.

Кована пара за колекционерски цели: „Водолија“номиналната вредност е 100 денари а реалната 2,8 илјади денари.  

На аверсот, во централниот дел на монетата, се прикажани четири атласа кои го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во центарот, опкружена со соѕвездието Водолија. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот систем. Во позадината е прикажан дел од картата на небото.   На реверсот, во горниот дел од монетата е претставена слика на ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum“, создадена од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век, со слика на соѕвездието Водолија на вметнато кобалтно стакленце, и симболот на хороскопскиот знак Водолија во горниот дел од монетата. Во долниот дел е претставена слика на девојка со стомна којашто ја претставува Водолијата, со цветен венец на главата, на позадина на цртеж на кој е претставен Сончевиот систем. На десната страна е прикажано латинското име на хороскопскиот знак – AQUARIUS.

Кована пара за колекционерски цели: „Риби“номиналната вредност е 100 денари а реалната 2,8 илјади денари.  

На аверсот, во централниот дел на монетата се прикажани четири атласа кои го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во центарот, опкружена со соѕвездието Риби. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот систем. Во позадината е прикажан дел од небесната карта.  На реверсот, во горниот дел од монетата е претставена слика на Риби од ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum“, создадена од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век. Сликата на знакот Риби и соѕвездието Риби претставена на монетата преминува и на вметнато кобалтно стакленце. Во горниот дел од монетата е претставен симболот на хороскопскиот знак Риби. Во долниот дел се претставени две златни рипки на позадина на цртеж на кој е претставен Сончевиот систем. На левата страна се прикажани латинското име на хороскопскиот знак – PISCES.

Кована пара за колекционерски цели: „Бик“номиналната вредност е 100 денари а реалната 2,8 илјади денари.  

На аверсот, во централниот дел на монетата се прикажани четири атласа коишто го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во центарот, опкружена со соѕвездието Бик. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот Систем. На основата е прикажан дел од небесната карта.  На реверсот, во горниот дел од монетата е претставена слика на бик од ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum“, создаден од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век. Сликата на бикот и неговото соѕвездие, претставена на монетата, е претставена и на вметнато кобалтно стакленце. Во горниот дел од монетата е претставен симболот на хороскопскиот знак бик. Во долниот дел е претставена глава на златен бик, врз цртеж на кој е претставен Сончевиот Систем. На десната страна е прикажано латинското име на хороскопскиот знак – TAURUS.

Кована пара за колекционерски цели: „Овен“номиналната вредност е 100 денари а реалната 2,8 илјади денари.  

На аверсот, во централниот дел на монетата се прикажани четири атласа кои го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во центарот, опкружена со соѕвездието Овен. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот систем. Во позадината е прикажан дел од небесната карта. На реверсот, во горниот дел од монетата е претставена слика на Овен од ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum“, создадена од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век. Сликата на знакот Овен и соѕвездието Овен претставена на монетата преминува и на вметнато кобалтно стакленце. Во горниот дел од монетата е претставен симболот на хороскопскиот знак Овен. Во долниот дел е претставена глава на златен Овен на позадина на цртеж на кој е претставен Сончевиот систем. На левата страна се прикажани латинското име на хороскопскиот знак – ARIES.

Кована пара за колекционерски цели: „Тркало на среќата“  номиналната вредност е 10 денари а реалната 2,4 илјади денари. 

На аверсот, во средината на монетата е претставен грбот на Република Македонија. Реверсот на монетата има облик на старо колско тркало. Во средината е претставена копија од реверсот на златната римска монета ауреус со божицата Фортуна Августа со натписите: „ФОРТУНА“ и „АВГУСТА“. Околу монетата е претставен натписот: „ТРКАЛО НА СРЕЌАТА“ (на англиски и на руски јазик). 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати