Излета автомобил кај патарина, во кој било тричлено семејство од Битола

Петар Печков

Излета автомобил марка „фиат стило“  кај патарина, тројца патници повредени, еден потешко и пренесен во Скопје. Ова е билансот од сообраќајката која околу  11,30ч. се случила после патарината Отовица,  на автопатот Велес- Скопје.  Прва помош им дале две екипи на итната помош, кој со две возила биле на лице место.

Тричлено семејство  кое патувало кон Скопје се здобило со повреди откако нивниот автомобил излетал. Најсериозни повреди има мажот 56 години, кој е со политрауми. Сите тројца се згрижени и префрлени на ортопедија од хируршко одделение- изјави д-р Васе Пановска, портпарол на Здравствен дом Велес.

Примени се тројца повредени патници а најтешки повреди има мажот кој е префрлен на КАРИЛ во Скопје. кај жената се вршат снимања додека 18 годишна девојка има скршеници но ќе остане на одделение во велешката Болница- изјави д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати