Изложба во Велес, инсталација од трње -ветрогон

Петар Печков

Во четврток навечер во Ликовниот салон во Велес  се отвори  изложбата на дела на  ликовниот уметник  Aтанас Атанасоски, насловена „Орнамент како пејзажен знак 18“. Изложбата е инсталација изработена од вегетација,  од трње,  во која концепцијата се темели на минимализмот, математиката – геометријата, каде низ линии, форма, структура, боја, ја бара естетиката на соживотот помеѓу човекот и природата. Ретки се авторите во Македонија кои користат природни материјали како Атанасоски.  

Во последно време во светот уметниците ги користат овие природни материјални. Ние тука во Македонија изобилуваме со вегетација што два големи можности з а моделирање на многу форми. Овие скулптури што ги изложив се изработени од трн, ветрогон. Тоа се топчести форми и кои ги откорнува ветрот и се тркалаат по полињата. Формата е недефинирана, апстрактна, користени  се  елементи геометриски форми - кажа авторот Атанасоски.

 Фотографиите се дел од неговата  инсталација која ја изработил во Прилеп, но физички не бил во можност да ја донесе во Велес. Самото создавање на овие дела траела 10-тина дена.   Неодамна престојувал во Јужна Кореја каде работел сто тамошни локални материјали.  

Изразувањето низ разновидни форми и облици на ликовното творештво подразбира ослободување од класичните стереотипи и следење на сопствената имагинација. Интересен е предизвикот уметникот да се сврти кон природата, кон растенијата, кои веќе го завршиле вегетативниот период и на посетителите им понуди свое уметничко видување, да ги трансферира во една хармонична естетика со надреални форми - рече Елица Николова виш кустос историчар при велешкиот музеј, отворајќи ја изложбата. 

Атанас Атанасоски е роден и живее во Прилеп. Дипломирал на ФЛУ во Скопје (отсек скулптура) во 1987 година, во класата на професор Стефан Маневски. Завршил постдипломски студии на ФЛУ во Будимпешта, Унгарија, во 1995 година. Член е на „Студиото на млади ликовни уметници во Будимпешта“ од 1990 година. Член на ДЛУМ. Работи како асистент истражувач во Институтот за старословенска култура во Прилеп. Самостојни изложби реализирал во Прилеп, Будимпешта, Пиран - Словенија, Линдабрун - Австрија,  Скопје, Битола... Групни изложби имал во Македонија, Унгарија, Словенија, Хрватска, Бугарија..

loading...

Поврзани »

loading...

Се наградуваат најубаво украсен излог, двор и тераса

Општина Велес ќе додели награди за најуспешна празнична илуминација по повод новогодишните и Божиќните празници:

  • Најубав излог
  • Најубав двор
  • Најубава тераса.

Наградата е во паричен износ од 15.000 денари за секоја категорија.


Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

На што ќе се греете зимава?

  • огревно дрво
  • пелети
  • нафта
  • ќумур
  • електирична енергија
Резултати