Изложба за велешанецот Мемо Сулејманов, атлетичар маратонец ( фото)

Петар Печков

Во Ликовниот салон, во родниот Велес беше отворена  изложба на фотографии и документи за атлетичарот Мемо Сулејманов, македонски рекордер на долги патеки (1926, Велес - 1984, Скопје). 

Претставениот  материјал, сопственост на Музејот на Македонија сведочи за  неговите спортски успеси во  маратонското трчање. Сулејманов е  долгогодишниот републички рекордер во повеќе атлетски дисциплини на долги патеки во годините по војната.  

„Ќе останата запаметени неговите настапи на атлетските патеки, со достигнувања и подобрувања на македонските рекорди  како и неговите настојувања  и залагања во промовирањето на  атлетиката како „кралицата на спортовите“ - рече на отворањето Марин Клифов директор на Народен музеј кој беше организатор на изложбата.

Автор на изложбата е  Драган Ѓорѓиев  виш кустос советник во Музејот на Македонија.  Претставениот материјал  на изложбата  сведочи за  Мемо Сулејманов, кој е малку познат во јавноста, но со неговите настапи и работа е основоположник на маратонското трчање во Македонија.

Пред Втората светска војна продавал весници по улиците ан Велес. Подоцна кога започнала војната, тој во септември 1944 година им се приклучил на партизаните во Осмата, односно подоцна во Дванаесеттата македонска бригада, Сулејманов е роден во Велес во ромско сиромашно семејство.

На меѓународниот митинг во Белград, на стадионот на ЈНА во 1949 година, бурно бил поздравен од гледачите кои мислеле дека е тркач од Африка. Поради тоа и бојата на кожата бил нарекуван „Африканецот“. Во светски рамки се води како прв Ром атлетичар.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати