Изложба за 50 години творештво на ликовниот уметник Војко Јаневски

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес вчеравечер беше отворена ретроспективната  изложбата на слики на  ликовниот уметник Војко Јаневски.  Јубилејна изложба е насловена  „ 50 години ликовно творештво“ и на неа се преставува со 40-тина дела од неговиот богат опус, работени  во повеќе техники - масло на платно, акварел, бајц.  Период во кој уметникот имал инспирација, идеа, енергија да твори и создава дела по кои е препознатлив. 

Ова е некаков пресек на мојата пет децениска работа, од целокупното творештво. Сметав дека токму овие дела најдобро ќе ме престават пред велешката јавност.   Бидејќи работев и во Порцеланка, го комбинирав работното со творечкото, најдов некој начин. На работа беше друг однос а овие дела се тоа што лежи на срце - рече Јаневски и кажа дека додека може ќе работи.  За животниот пат и делото на Војко  Јаневски зборуваше Спасе Перовски негов пријател и уметник. 

Војко ми оставил силен впечаток и како човек и како автор. Недостигаат на оваа ретроспективна изложба неговите скулптури и керамики за да го заокружи приказот на  неговото творештво. Преку овие слики имаме еден голем колоритен израз, ме потсетува на рускиот сликар  Кандински и неговото творештво, каде не можете да препознаете  дека е фигуративна   композиција, туку доживувате  емотивно длабоко чувство на боја и форма- кажа Перовски.  

Војко Јаневски во 1968 година завршил на вајарски  отсек на Академијата за ликовни уметности во Загреб, во класата на проф. Вања Радауш. Од 1968 до 1970 бил соработник во мајсторската работилница на проф. Радауш во Загреб.

Од 1969 до 1981 членувал во Хрватското друштво на ликовни уметници, а потоа во Друштвото на ликовните уметници на Македонија - ДЛУМ. Неговиот творечки опус  го одбележале и учествата на повеќе од 200 групни изложби и на 20 ликовни колонии во Македонија и во странство. Добитник е на повеќе награди и признанија

loading...

Поврзани »

loading...

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

  • да, за нив секогаш имам време
  • имам многу обврски, тешко се наоѓа
Резултати