Изложба на дела од велешки уметници (фото)

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес вчеравечер беше отворена изложба на дела од велешки уметници.  По подолг временски период по иницијатива на Општина Велес,  авторите родум од Велес се собраа заедно и ги претставија своите дела во јавноста.

Во рамките на изложбата на велешките уметници организирана по повод 9 Ноември,  љубителите на уметноста имаа можност да ги видат делата на вкупно 12 ликовни уметници и вајари. За делата на 12-те уметници, на изложбата говореше Анита Василева- Мидоска, директорка на Народниот музеј од Велес.

Во духот на славењето на празникот, велешките уметници ни направија особена чест  затоа што  со поставањето на оваа изложба тие пред нас ги  распослаа своите дела  како личен  тестамент за празникот. Тие во своето творештво го вткајуваат  градот како лична инспирација, како уметничка творечка сила.  Авторите во делата ја испреплетуваат сопствената ликовна рапсодија. Сите тие во себе без разлика на нивниот ракопис ја вплотуваат славната македонска  просветителска енергија, наследството на  зографскиот занает и  богатството на старите занаети, како аманет од кој тргнуваат по сопствената авторска патека    - рече Василева Мидоска. Изложбата ја отвори градоначалникот Аце Коцевски. 

Ве поканувам со нови иницијативи, проекти и активности да придонесете оваа уметничка целина да донесе нови дострели во развојот на уметноста на Велес како град што се препознава по својата уметничка и интелектуална авангарда“- им порача Коцевски на велешките уметници и изрази надеж дека ќе продолжат со меѓусебната успешна соработка.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати