Изложба на карикатури на Миле Манчевски, за борбата против ковид пандемијата (фото)

Петар Печков

Миле Манчевски во Ликовниот салон во Велес отвори изложба на карикатури насловена  „Ковид-19 и превенција од вирусот“.Изложбата на која има 80-тина дела, избор од 1.200 кои ги создал за две години од пандемијата и  авторот им ја посветува на здравствени работници, првите луѓе во борбата со корона вирусот.

„Тенденција на сите нас карикатуристите, било каде во светот е да се даде максимална поддршка на здравствените работници.  Острото критичко перо кое го имавме за сите претходни настани, случувања во општеството го ставивме на страна и се фокусиравме  за поддршка на здравствените работници во боната со  ковид пандемијата“ - рече Манчевски.  

Миле Манчевски е еден од водечките карикатуристи во Македонија. Автор е на повеќе од две илјади карикатури и учесник на преку сто групни и самостојни изложби во земјава и во светот.  Добитник е на бројни награди и признанија. Годинава Манчевски ја доби наградата за животно дело „Цицо“, наменета за македонски карикатуристи. Објавувал свои дела во најтиражните весници во Македонија и на просторите на поранешна Југославија.

 „Наградата „Цицо“ ја сфатив како нова мобилизација, за нови трудови, нови ангажмани. Продолжувам со карикатурата“ - кажа Мил-ман - уметничкото име на авторот Манчески.  

„Во опусот на Мил-ман,  само овој карактер на корона вирусот има заби и тоа остри. Со тоа илустрирано  ја прикажува агресивноста  и сериозноста со кој авторот ја пренесува пораката за  тежината на проблемот. Лекарите пак се прикажани со скафаднер, за д се избегнат личните карактеристики“- рече кардиологот д-р Атанас Ѓорѓиески кој ја отвори изложбата.

„Манчевски преку ангажирана карикатура, цртежи обоени со интензивен колорит, со користење на јасни симболи се обидува освен да го насмее гледачот, да го едуцира, провоцира и да пренесе порака“ - порача Елица Николова кустос советник, историчар уметноста од Народен Музеј, кој беше организатор на изложбата. Таа е дел од годишната програма на Министерството за култура.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати