Изложба „ Рефлексии на херметичноста“

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес отворена беше заедничката изложба на дела од   скулпторот  Ангел Коруновски и сликарот Глигор  Васков.  Насловена е „ Рефлексии на херметичноста“  а авторите се претставуваат со 50-тина дела на едно  оригинално, експериментално  творештво. 

Скулптурите на Ангел Коруновски и платната на Глигор Васков се генеза, сублимација на денешното време, конекција, флуид, во мислата и интелектуалното, а различни во подрачјата на уметноста.  Нивното десетгодишното дружење, размисли, набљудување, илузии, сомнежи, визии, вроди, до овој ц проект  -заедничка изложба.  Претставени ни се апстрактни претстави, преку строга геометриска знаковност и поредок, мултиплицирани структурни композиции  - ја образложи изложбата промоторот Елица Николова, директор на Велешкиот народен музеј.

Тоа е 13-та ликовна изложба годинава, во организација на Народниот музеј од Велес.

Ова е проект кој Коруновски и Васков го работата десетина години наназад.

Се пронајдовме случајно  на некоја изложба  пред 12-тина години, со слична естетика . Како автори имаме ист осет за убаво, сличен принцип   на работа на делата.   Се надевам дека проектот ќе трае долги години, ќе обработува тематика на чиста естетика.    Мислам дека сме препознатливи по создадените дела. Го истражуваме убавото, дали ќе биде појдовна точка колоритот  или формата, композицијата. Работиме на апликација ан  нашите емоции  – рече Коруновски.

Тој   завршил ФЛУ  во Скопје на одделот за скулптура  во класата на Васил Василев 2002 година. Магистрирал на истата катедра 2011 година под менторство на Ибрахим Беди. Член е на ДЛУМ  од 2002. Има остварено неколку самостојни и учесник е  на 40 групни изложби и над 20 ликовни колонии во земјата и странство. Неговите изложени  скулптури се изработени во дрво –метал комбинација.  Работи како слободен уметник.   

Целата концепција на нашите дела се базираше на  минимализам, на  чиста апстракција. На боја, на  текстура и композиција. Не сме оптоварени од некои историски моменти.  Се надевам дека во нашите следни дела Ангел ќе се меша во моето сликарство а јас во неговата скулптура.   Ние ги вадиме работите од надворешните сетила,  влијае се околу мене. – вели Васков.

Има завршено ФЛУ  во Скопје на одделот за сликарство во класата на Ристо Калчевски во 1991 година. Член е на ДЛУМ  од 1991. Има остварено единаесет самостојни и повеќе групни изложби и учесник на над 40 ликовни колонии во земјата и странство. Работи како професор по ликовна уметност.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати