Изложба „ Убавината ја живееме“ спокојот и мирот во Преспанскиот регион

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес отворена е изложба на фотографии „ Убавината ја живееме“ на Љупчо Илиевски.  Тој е фоторепортер, вработен во МРТВ како камерман/снимател.

Со околу 30-тина фотографии се претставува пред велешани, сите со мотив дел од  животот на Преспанско езеро. 

Овој проект го работев три години, благодарејќи на УНДП а дел од фотографиите  се  објавени во  часописот  National Geographic. Помина одлично и затоа УХДП реши да направи  и изложба и со  ена се претстави во земјава и странство.  И  не само тоа со  мотиви од Преспа УНДП направи  календар за 2011-та кој беше нивен и како таков претставен во 162 земји од светот, мене, Преспа и Македонија.  Така светот ги виде овие убавини.  Сакав да се обидам, а публиката ќе каже да го потенцирам спокојот и мирот во Преспанскиот регион -  рече авторот Илиевски.   

Тој  по втор пат се  преставува пред велешани, првиот беше лани  со фото изложба од Кокино.  Илиевски има реализирано повеќе самостојни и групни изложби. Како член на Фотоклуб 25, учествувал на повеќе групни изложби.

Венко Андоновски во подолгиот текст за изложбата на Илиевски која се претстави во неколку градови низ републиката напиша:

Љупчо успеал да го оживее мртвото тело на убавото низ окото на својот апарат („око“ ми е потопло кажано од објектив, затоа што апаратот на Љупчо очигледно е организам, а не механизам). Затоа, сите вие што копнеете по убавото (во ова време на негово прогонство), повелете, погледнете ја изложбата на Илиевски. Ќе забележите како сетилата  ви се будат, како по долга анестезија, и ќе станат свесни за бои и форми. Неговите мајсторски фотографии, кои покрај ентериери на цркви, најчесто се фокусираат на природни убавини, се вистински мали сликарски платна, со претопи на бои и форми, со композиции што носат порака, со внатрешна драма на моментот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати