Изминатото деноноќе нема ново заболени лица од корона вирусот во Велес

Петар Печков

Министерот  за здравство Венко Филипче  вообичаено, на пладне преку  ФБ информираше за состојбата во земјава со корона вирусот. Во Велес нема нови случаи, остануваат трите констатирани во средата. . 

Во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на корона вирус во земјата. По градови: Скопје (11), Прилеп (4), Куманово (2), Тетово (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12  часот изнесува 219 лица - напиша  Филипче. Така Велес останува со три заразени лица, откриени во средата 

Неофицијалните информации со кој располага ТрМр е дека сите доктори и медицински сестри од ЈЗУ Општа Болница Велес кои биле тестирани, а по контактот со едно од заболените лица, резултатите се негативни. 

Но изненадува молкот на министерот Филипче  на прашањата од велешката јавност, каде се наоѓаат, каде се сместени  заболените лица, како им е пренесен корона вирусот,  каква е нивната меѓусебна поврзаност, колку лица се тестирани во Велес а биле во контакт со заболените.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати