Именувани директори на ЈКП Дервен, ЈП Парк Спорт

Петар Печков

Ѓоре Стојанов и Златко Гуцев се нови директори во  ЈКП Дервен и ЈП Парк Спорт. Нивното именување доаѓа по распишаниот конкурс за избор на директори со мандат од четири години.

Дипломираниот економист Ѓоре Стојанов е именуван за на  велешкото комунално ЈКП Дервен. Тој  шест месеци беше в.д. директор во велешкото комунално претпријатие. Стојанов беше генерален директор во најдобрите времиња  на еден од најголемите агро комбинати  во Македонија АК Лозар. 

Златко Гуцев е  именуван  за директор на  ЈП Парк спорт а по распишаниот конкурс. Гуцев е професор по физичка култура со завршен Факултет за физичко образование, спорт и здравје Досега шест месеци беше в.д директор во ова Јавно претпијатие а претходно професор по физичко воспитување во Економското училиште. 

Хемиското училиште ,,Димитрија Чуповски,, доби в.д директор Маја Хеско. Откако на досегашниот директор Горан Јанков му истекол мандатот а на распишаниот конкурс не се јавил никој заинтересиран, професорката Хеско е поставена за в.д. директор. Таа претходно  беше директор во оваа образовна институција. Бидејќи истовремено Хеско е  член на Советот на Општина Велес, а неспоиво е со директорската позиција, си поднела оставка на местото советник. Следна на листата на коалицијата предводена од СДСМ, за член на советот  е Маја Стојанова. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати