Инспекцијата за патен сообраќај во Општина Велес, за половина година имала 117 надзори

Петар Печков

Инспекцијата за патен сообраќај во Општина Велес, дел од инспекцискиот надзор на локалната власт, првите шест месеци годинава имала најголем број на предмети за работа, во однос на другите инспекции од општината. Извршени била  117 надзори, од нив 70 редовни, 42 редовни и пет контролни. Од сите  нив, во 109 случаи биле констатирани неправилности. 

Врз основа на извршените инспекциски надзори и утврдените неправилности, инспекторот за патен сообраќај донесол 11 решенија. Од нив 4 се за отстранување на возила од сообраќај,  до 30 дена, изготвени биле 98 предлози за порамнување со издавање на прекршочен налог, поведени 73 постапки пред Комисија за прекршоци при Министерство за транспорт. Од 98 изготвени предлози за порамнување со издавање на прекршочен налог, глобата во законскиот рок ја платиле 12 прекршители, што е 12 отсто од вкупниот број поведени постапки. 

Согласно Законот за превоз во патниот сообраќај, инспекторот за патен сообраќај при Општина Велес, вршел надзор над: превозници кои вршат авто-такси превоз во Општина Велес, превозници кои вршат општински линиски превоз на патници и превозници кои вршат посебен линиски превоз на патници. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

  • што поскоро да ја заборавам
  • ги помнам само убавите моменти
  • постар/а сум за една година
  • ми донесе многу радости и убави мигови
  • како и секоја друга
  • имаше и убави и лоши работи
Резултати