Интервју со директорот на Болница, д-р Димитар Стровјаноски

Петар Печков

Со оглед  на знаењето на ЈЗУ Општа Болница Велес, каде се лекуваат жителите на  општината, се наметна потребата со интервју со  новиот в.д,  директор на оваа здравствена институција Димитар Стровјаноски. Кои се неговите визии за развојот на Болницата, кава состојба наследи, кои се персоналните промени кои се случија, се дел од прашањата на кои одговори др- Стровјаноски.

Каква е Вашата визија за оваа здравствена институција, кои се Вашите цели? 

Уште пред да дојдам на оваа позиција, сакав нашата Болница да се прошири со ново изграден објект, кој ќе биде во склоп со времето во кое живееме 21 век. Пред се тоа се однесува на стандардни операциони сали, кои за жал ги немаме , постојните се супстандардни.   Во овие нови сали е потребно да пружат соодветен хируршки третман  во нормални стандардни европски услови. Тоа е нова инвестиција, која во моментов немаме прилика да ја остаруваме, бидејќи сме  ограничени со Буџетите за тековната година. Вториот дел е опремување на хируршките гранки, на ОРЛ, на  очно, на гинекологија, ортопедија, општа хирургија, урологија. Веќе се направени со раководителите и претставници на фирми, првични состаноци за се што е потребно и да ја  обновиме целата апаратура  која е амортизирана, делумно расходувана и не служи а само зазема место во просториите. Третата работа која је гледам  околу развојот е соодветен кадар.

Следното прашање е токму тоа, каква е состојбата со персонал во Болницата?

Почнувајќи од  хигиеничари, по метар квадратен кои што задоволуваат потребите на одредена  квадратура немаме доволно хигиеничари. Ги има 50 до 60 отсто до потребите. За медицински персонал состојбата е посериозна.    Се јави расчекор помеѓу повозрасните доктори и новиот бран кој по толку време  имаме  подмладок. Пред се тоа се помлади  колеги кои се испратени на специјализација последните 2-3 години  и нивното враќање е со очекување на следните 2-3 години. Има голем вакуум, кој се јавува од 2002-ра година наваму. Не се доволно упатувани доволно млади кадри на   специјализација на соодветни области. Така се судруваме ,,истрошеност, или колеги кои се пред  крај на работен век. Некои од нив продолжуваат со работа во рамките на Законот до 67 години. Такви случаи имаме на анестезиологија, гинекологија и на хирургија. Најкритично во  моментов по број на  доктори специјалисти  е на  општа хирургија и  гинекологија каде нема и акушерки.      Затоа и доставив ургентно барање до   Министерството за здравство за итно и неодложно примање на најмалку еден гинеколог и две акушерки. Имаме потреба и од хирурзи. Во разговор со директорот на  Штипска Клиничка Болница и хирурзите  од таму, тие   се расположени да доаѓаат еден ден  во неделата  и да помагаат на нашите хирурзи.  

Кога првиот ден ја презедовте должноста, ја добивте и сметката за долг,за неплатена вода. Министерот пак порача, долговите се Ваши, Вие треба да најдете пари да ги  платите. Каква е финансиската состојба на Болницата? 

Состојбата е поразителна во однос на долговите. Со други зборови, долговите се поголеми од целиот годишен  Буџет кој го има оваа институција.  Тој се формира  од партиципација на пациентите и  во договорите  со Фондот за здравство.     На месечно  ниво имаме приходи  5 до 5,2 милиони денари или годишно околу 60 милиони додека долговите се 66 милиони денари. Ова е лоша вест. Во наредните денови ќе имаме повратна информација од Министерството за здравство, каде се обратив а помош побарав и  од Министерството за   финансии и за економија, за да се надмине ваквата состојба.  Три години не е плаќана вода а секој домаќин прво ги подмирува сметките за вода,струја, телефон.  Долгот за вода е околу 170 илјади евра,  треба да се знае дека во Болницата имаме уште една голема ставка, тоа се лекови. Долгот за лекови е околу 250  илјади евра, затоа целата работа добива друг тек ако на се добие помош од  институциите.   Од друга страна по остварени програми имаме побарувања од Министерство за здравство во висина од 22 милиони денари  а долг кон здравствени установи долг од 16 милиони денари. Во оваа неповолна  ситуација, поволно е што имаме околу 6,5 вишок, кој можеме да го преземеме од Министерството за здравство.  Предложив  до Министерството за здравство, финансии и економија да има пребивање меѓу нас и здравствените установи на кој им  должиме. Така ќе остане обврската од Министерството за здравство кон нас од околу 6,5 милиони денари.   Тоа ќе биде  доволна инјекција за да  можеме да се справуваме со  тужби  од страна на  добавуваните на  лекови. Така вон судски  веќе  имаме  спогодба со  еден добавувач , кој  испорачувал лекови за пациентите,  ние  сме ги  трошеле  но  не  сме ги плаќале  целосно.

По оваа Ваша информација,   има  ли доволно лекови за  пациентите во  Болницата?    

Лекови  има,  но  може да  дојде  до некоја  намалена испорака доколку  вон судски не  се  спогодевме  со еден  од поголемете добавувачи а тоа е  ,,Македонија лек,,. Можеше да е случи  да ја сопрат испораката.  

По Вашето доаѓање, именувавте  нови раководни лица началници на одделенијата. Каде и кои е на новите позиции?

Има нови шефови на одделенија, се во рамките на Законот. Секој директор има право да избере тим со кој ќе работи.  Направени се минимални промени а во следниот период не` очекуваат нови. Во Инфективно е поставена колешка која е со најголемо искуство, која во декември имаше намера да заминува, да оди во  пензија. Во договор со  претходната началничка дојдовме  до решение нов началник да биде д-р Роза Стојанов која а ќе го продолжи работниот век. На хирургија е д-р Влатко Вишинов на место од  д-р Ванчо Граматов, тука на ова одделение имаме само двајца оператори, имаме колеги на специјализација а првиот кој  доаѓа е  по една година. На анестезија и реанимација од четворица кои работат, тројца се пред пензија или двајца требаше веќе да заминат и но  го  продолжија работниот однос согласно Законот.   Тројца од нив  досега раководеле, единствено таа позиција ја немала и  ја поставив д-р   Гордана Стојанов Чајлева. На гинекологија имаме проблем со број на доктори. Кога дојдов на оваа позиција, затекнав една  млада колешка  која на мојот претходник  си дала отказ, сакала да си  оди.  Неизвесно е враќањето на мојот претходник, кој сега е на одмор. Таму началник е д-р Соња Димова.

Ќе има ли новини во работата на  одделенијата?

На  стручен колегиум, во разговор со  колегите од интерно одделение и невропсихијатрија, разговаравме  како да се унапредат тие одделенија.   Една од работате е ако тие се поделат. Никаде во  западниот  свет не постојат такви групирања. Така постои неврологија постои  психијатрија.   Во интерно одделение би се поделила работата, оти познато е дека најчести заболувања на популација во Европа се кардиоваскуларните заболувања. Така  еден  дел ќе биде кардио –пулмонален дел другиот  ќе биде гастроентеро-нефролошки. Ќе има поделба на пациентите.  Уште една работа е потребна а тоа е да се отвори центар за  дијабетес.   По број во Велес има доста дијабетичари  кои што не е  добро да се мешаат со други пациенти. 

Измината година имаше бројни реакции од медицински сестри, кои реагираа за хоризонтално поместување. Така се разбиваа тимови кои работеа со години. Што преземавте за решавање на оваа состојба? Дали ја  исправивте оваа неправда, како што тие ја доживуваа?

Во Болницата работам повеќе  од 30 години а 25 години како специјалист и ги гледав тие промени. Дел од тие медицински сестри се вратени во првобитна  положба. Се што сметав дека е  непотребно сменето, вратено е назад.  
 Прв впечаток, за секој пациент кој доаѓа во Болницата е што лифтот не работи, повеќе од три години. Па  така сега во еден лифт се превезуваат и здрави и болни.  Пролетва за продолжен викенд се расипа и вториот лифт, ап три дена сите  мора пеш да одат низ Болницата.  Вашиот претходник долго најавуваше дека проблемот ќе се реши, но не се случи.

За колку време може да очекуваме дека Болницата ќе добие нов лифт? 

При примопредавањето, првата работа која ја прашав со мојот претходник, беше што е превземено со лифтовите. Ми кажаа дека од страна на заменикот  министер за здравство кој беше од нашиот град, ветил дека лифтот   ќе го реши. Но еве сите сме сведоци  дека не  е решено. Да не биде на вербални ветувања, првиот потпис кој го ставив беше  обраќање до Министерството за здравство,  токму за лифтовите.  Тие пратија стручно лице, кое констатира дека едниот лифт е непоправлив додека вториот големиот  лифт е ,,на мала  душа,,.Стари се повеќе од 20 години, нивниот работен век е минат. Затоа намерата ни е освен два нови лифта да обезбедиме и трет  кој ќе  биде  надворешен. Тој ќе се корист за да не се мешаат болни и здрави, храната да се дистрибуира.   На нашата Болница и требаат три лифта.      

Своевремено доста стручни  реакции имаше спојувањето на ушното и очното одделение и затворањето  на операционите сали во Болницата. Какви се Вашите планови за иднина? 

За жал во просторот каде беше ушното  одделение можете да видите дека е сместена администрацијата и управата. Операционата сала на  ушното одделение  е растурена и таму е канцеларија. Можеби Ушното одделение имало поголеми капацитети отколку што имало,  меѓутоа растурањето на една операциона сала е грешка. Од друга страна а просторните можности од друга страна до некаде оправдуваат.   Управата мораше од Уред да се  пресели тука, може имаше и други решенија. Но одбрано е ова.   Ставањето на очно и ушно треба да се знае дека има некои стандарди и претпоставувам дека затоа го направиле, бидејќи секое  одделение треба да има најмалку двајца  доктори и одреден број расположливи кревети. Истото се случува  и со колешките од  Анти Туберколозен  диспанзер, кои беа пренесени во Инфективно одделение, таму е амбулантата. Тоа е посебна  служба и разговарав  со нив, како        најдобро  решение да најдеме за нив,  бидејќи нема предвидено лежечки кревети- болните се упатуваат  во Скопје.  Направени се неприродни спојувања во Болницата, АТД, кожната докторка, патологот се во една единица што не соодветствува. Таа работна единица е разбиена од моја страна оти не е природна.

Кожната  амбулантата останува во Уред?

Има најави   во смисла окрупнување на здравствените субјекти во градот, нивно идно поврзување во некој Медицински центар што ми е навестено  како  програма на Министерството за здравство, бидејќи се увидело дека подобро функционираат како единка а не одделно.  Во зависност од тие идни припојувања  на Министерството за здравство, ќе оцениме каде ќе работи кожната амбуланта. 

Велес  според географската положба е центар на автопатот Куманово – Гевгелија. Еве сега додека разговараме имаше два итни случаи  од сообраќајка кај тунелите во Демир Капија, кои беа  препратени за Ургентен Скопје, поради тежината на повредите. Дали имате размислувано за Ургентен центар во Велес? 

Тоа што го знаете како Хируршки  амбуланти беше претенциозно именувано  како Ургентен центар, меѓутоа останаа Хируршки амбуланти, таму е и амбулантата за анестезија. Добар е пристапот до нив, како  и пристапот до Хируршките сали   е добар. Така што Ургентен центар  во рамките  на Болниците поинаку се  изведува. На ниво на приземје се  поставува таков Ургентен центар    и итната медицинска  помош каде може да доаѓаат итни случаи и  по тријажата  се прави распоред каде да се носи повредениот, на хирургија, на ортопедија, дали на интензивна нега или директно во операциона сала.   За жал такви  услови во велешката Болница моментално нема, во сегашниот објект.

Во Болницата беше според најавите отворено прифатилиште по европски терк, за децата на пациентите, додека тие користат здравствени услуги. Имате информација за искористеноста на оваа детска градинка, колку деца беа згрижена?

Немам увид колку и дали воопшто некое дете таму воопшто е згрижено. Имам барање од Детското одделение,  на таа просторија да се врати старата намена, да се користи за болните деца.    

Дел  од  јавноста во градот беше во недоумица, колку часови се посветувате на новото работно место, бидејќи претходно сте работеле со скратено работно време, по четири часа на ден. Колку време сега сте на работа?

Претходното ангажирање никогаш не беше  од четири  часа.   Имав решение за четири часа поради кардиоваскуларни  проблеми имам и стентови. Комисиски тоа  ми заврши во јануари годинава. Работата  како урологот не ми даваше да бидам само  четири  часа на работа, што е неизводливо во хируршка гранка. Тоа значи  ако во 12ч. се  најдам во операциона сала, кога често стасував до операциона сала , пациентот да се остави не опериран, е невозможно, бидејќи моите четири часа истекле. Колегите знаат дека останував многу повеќе на работно место, со  тоа што бев и повикуван иако на списокот  за дежурни и на повик, не бев пишуван. Тие дополнителни  ангажмани и не ми беа платени. Сега првите три недели  од моето именување работам и по 12 часа на ден.   

loading...

Поврзани »

loading...
Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (НОЕМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com