Интерното одделение не е повеќе ковид центар

Петар Печков

Интерното одделение,„Б“ тракт  од велешката Болница,  кое еден месец беше ковид центар, од денес е повторно наменето само за пациентите кои ги лекува  интерната медицина. Така по ова, за пациентите позитивни  или сомнителни на ковид-19 во болницата има 78 кревети, на Инфективно 54 и 24 на Физикално одделение.

Интерно одделение официјално не е ковид одделение, каде само се прифаќаат пациентите кои имаат потреба од дополнително лекување а кои веќе имаат негативни тестови. Од пациентите кои се хоспитализираат на Интерно поради други болести а во меѓувреме се тестираат и се ковид позитивни, лекувањето го продолжуваат на Инфективното одделение - кажа д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на велешката Болница.

Близу хелидромот од Болницата во тек е ископот за земја и подготовка на теренот, каде ќе се гради монтажна ковид болница,во која ќе можат да се згрижат 45 пациенти.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати