Истрага и притвор за велешанецот, каj кого дома беше најдена дрога која ја продавал

Петар Печков

Притвор за велешанецот Љ.Т. (40 год) откако во неговиот дом беше пронајдена дрога, марихуана, амфетамин и хашиш,која ја чувал заради продажба.

Основното јавно обвинителство во Велес донесе наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице од Велес на возраст од 40 години за кривично дело – „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции“.

При извршен претрес во домот на осомничениот, на 26 јануари 2021 година, службените лица пронашле наркотична дрога марихуана во вкупна количина од 584,34 грама, наркотична дрога хашиш во вкупна количина од 4, 75 грама и психотропна супстанција – амфетамин во количина од 20,36 грама. Осомничениот неовластено заради продажба, ја чувал дрогата во повеќе различни пакувања на различни места во домот. Покрај дрогата, во станот на осомничениот е пронајдена и електронска мини вага за мерење - наведува во писменото соопштение ОЈО Велес.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес поднел  предлог за определување на мерката притвор за осомничениот до Судијата на претходна постапка при Основниот суд во Велес. Предлогот е  прифатен и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати