Ист број на новозаразени и оздравени од ковид-19 во велешко, почината една жена

Петар Печков

Ист број на ново заразени и оздравени, регистрира Министерството за здравство, во велешко изминaтите 24 часа, по 39. Активни случаи се 775 а досега биле заразени 5.096 лица.

Во велешка Болница вкупно се хоспитализирани 100 пациенти,  од кои 86 се потврдени позитивни, двајца се сомнителни  и 12 пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.

„Починатa е жена на 83 годишна возраст од Велес, позитивна,лекувана во 13 дена во Модуларната болница. На кислородна поддршка се 47 пациенти. Испишани се осум  пациенти како оздравени со по еден негативен тест за ковид-19„  – кажа д-р Елонора Јованова портпарол на Општа Болнциа Велес. 

На Инфективно одделение се  50 пацинети, на Интерно и во Физикално оддление по девет а во  Модуларна болница 32.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати