Исчистен просторот околу езеро Младост, собрани се 16 метри кубни отпад

Петар Печков

Изминатите два дена траеше акција за собирање на смет околу езеро Младост. Ја изведе ЈКП Дервен преку вработени во Комунална хигиена. Според нивните проценки, за овие два дена исчистени се 16 метри кубни смет.   

Се исчисти просторот околу летниковците, кој е најискористен од граѓаните, крајбрежниот појас и покрај патот кој води до мотелите и сателитската населба. Целта е да се подготви теренот за пролетните и летните месеци, период кога овие локации се многу посетени од граѓаните на Велес - информираа од локалната власт. 

Општина Велес и ЈКП Дервен  апелираат до посетителите, да се однесуваат поодговорно кон животната средина- ,,Само на тој начин езерото Младост ќе биде убаво место за престој во природа,,. Оваа  активност е дел од акцијата за генерално пролетно чистење.

Од ЈКП Дервен потенцираат дека рекреативната патека не беше опфатена во  оваа акција, но дека не е заборавена и во наредниот период и таа и околината околу неа ќе бидат  исчистени.  

Граѓаните посетители на овој рекретивен центар бараат поредовно чистење во наредниот период и  повеќе корпи за отпад.   

loading...

Поврзани »

loading...

Ронтис вработува оператори во производство

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

30 (триесет) Оператори во производство



АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

2018-та е зад нас. Како ќе ја помните?

  • како и секоја друга
  • имаше и убави и лоши моменти
  • ми донесе многу радости и убави мигови
  • што поскоро да ја заборавам
  • постар сум за една година
Резултати