И велешани дел од Стрип колонијата во Рашка Србија

Петар Печков

Од 26 до 30 јули беше одржана шестата по ред стрип- колонија во Рашка – Србија, каде што, како и во  од претходните две години, учествуваа  учесниците од Македонија. Присутни беа претставници на стрип -школите од Лесковац, Врање, Белград, Велес и домаќинот Рашка

Еден од најголемите успеси на СЦМ - Велес во своето досегашно делување е токму отворањето на македонската стрип -сцена надвор од нејзините граници. Се радувам кога гледам како младите цртачи од Македонија вредно учат од такви величини како што се Владимир Весовиќ Никола Константиновиќ  и Бојан Ѓукиќ, но и разменуваат искуства со свои врсници од други земји. По којзнае кој пат се потврди тезата дека македонската стрип -сцена има иднина, а со малку повеќе позитивна енергија работите ќе дојдат на свое место-  изјави Томе Трајков, програм -менаџер на СЦМ - Велес.

 Петдневното дружење и работа на учесниците се одвиваше во живописниот амбиент на Семетешкото езеро, каде заедно со практичниот дел се одржаа и предавања и презентации поврзани со стрип- уметноста. Излагачите и оваа година  своите знаења несебично ги споделија со младите стрип автори.

Најдобрите дела создадени за време на работилницата, според најавата, ќе бидат објавени во новиот, петти по ред број на „Ras comic“, кој се очекува да излезе идната година. На страниците на ова списание, во издание на Центарот за култура, образование и информирање „Градац“, меѓу другите, свои стрипови објавија  и македонските автори Александар Стеванов и Дарко Богданов, а со стрип табла застапени се и велешаните Ване Трајков и Ѓунај Абдулов.

Стрип колонијата е во  организација на Канцеларијата за млади и Клубот на ликовни уметници во Рашка, Република Србија.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати