И велешани имаат за фрлање мебел, не само тие од Зајас во река

Петар Печков

Македонската јавност беше изненадена кога деновиве ги виде фотографиите од мебел, кој завршил во река близу селото Зајас. Но очигледно дека и некои наши сограѓани не сакаа градот да заостане зад ова кичевско село, па побрзаа да го фрлат не во река, туку на улица.

А за да може комуналците побрзо да го соберат, културно оставен бил покрај контејнерите. Деновиве вработени од ЈКП Дервен на три локации на улиците Васил Главинов, Димко Најдов, Милан Страчков, нашле фрлен габаритен отпад -мебел. Тој денес беше со трактор однесен на депонијата. 

Да ги потсетиме сограѓаните дена во текот на година, на пролет имаме акција за собирање на габаритен отпад. Во останатиот период, секој поединец, може доколку има за фрлање ваков габаритен отпад, да се јави во Дервен, да се договори кога ќе биде земен и фрлен, тој ден и отпадот да биде оставен, а не вака со денови да стои на јавни површини - потсетуваат од ЈКП Дервен. 

Нема информација дали од фрлениот отпад може да се состави  една гарнитура за дневна или спална. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати