И водата во Башино село е бактериолошки неисправна

Петар Печков

Дури 80 отсто од водата на природните чешми во Велес и неговата околина  е бактериолошки неисправна,  додека кај 10 примероци вода е утврдено присуство на нитрати и матност над максимално дозволените концентрации. Ова го покажале резултатите од испитувањата на Центарот за Јавно здравје, за 2018-та година.  

Водите кои се испитувани  неколку пати, почесто  покажале дека се небезбедни а еднаш или два пати дека се добри, ги прогласуваме за здравствено небезбедни и означени се со табли дека водата не е за пиење. Селата кои преку водоводи се снабдуваат со вода, но немаат систем на редовна дезинфекција на водата,  во две третини се со  бактериолошки небезбедни со индикатори на фекално згадување кои предизвикуваат цревни заразни болести- кажа спец. д-р Снежана Петрова од ЈЗУ Центар за Јавно здравје Велес. 

Таа препорача  селските водоводи да се дадат на стопанисување на ЈКП Дервен, бидејќи  тие се  санитарно -технички небезбедни и потребно е за нив да се грижат стручни служби. Дури и водата од која пијат дел од велешани, таа во Башино село е бактериолошки неисправна.

Според -др. Лили Чолакова  Дервишова ова е највисок процент на нездрава вода која тече по селските чешми и водоводи низ велешко од годините наназад и затоа е потребно да се почитуваат заштитните зони околу извориштата.

Досега сме имале до 75 отсто чешми со бактериолошки  неисправна вода за пиење. Ваквата состојба кога дури 80 отсто е неквалитетна, се должи на тоа што зоните околу извориштата се узурпирани од луѓе, се чува  стока. Треба локалната власт да не дозволува вакви случаи  - вели д-р Чолакова Дервишова.  

Во градски водовод водата е здрава и безбедна, нема докажано бактериолошки небезбедни примероци.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати