И во Велес референдум за или против населба за бегалците, на 15 октомври

Петар Печков

Мнозинството советници членови на Советот на  Општина Велес  со 12 гласа за и 8 воздржани го поддржаа барањето на членот на Советот  Александар Колев и во Велес да се организира референдум   за населување и интеграција на мигранти  на територија на Општина  Велес. Тој ќе се одржи на 15-ти октомври. Неколку часови траеше надмудрувањето и политичкото  прекупување на велешките советници, дали д  се организира вакво референдум и во Велес, откако ист таков беше изгласан и во Битола, Штип, Кавадарци...

 Потребата  за овој референдум е по документот  на Министерството за труд и социјална политика  и Стратегијата за интеграција на бегалци и странци, по што до Општина Велес беше доставен Акциски план  за интеграција  на бегалци и странци за  периодот 2017-2027 година.   Зошто се бара од локалните власти тие да  се  изјаснат – изјави Колев, кој е претседавач на Советот на Општина   Велес и доаѓа  од редовите на  ВМРО-ДПМНЕ.

Тој во неговото обраќање пред советниците  инсистираше да се разговара како негов личен   предлог  никако  партиски.  Од друга страна советниците во велешката опозиција, од коалицијата предводена од СДСМ  сметаа дека ова е партиска стратегија на ВМРО-ДПМНЕ која се спроведува во повеќе општини.

На граѓаните им е кристално јасно дека кампањата за бегалците е партиска лага на ВМРО ДПМНЕ. Таа ги лаже граѓаните – во Македонија во моментов ниту поминуваат бегалци, ниту пак се очекува бегалска криза во периодот кој следува. Во Македонија ниту има бегалци, ниту ќе има станови за бегалци – рече Благој Коларов од СДСМ. 

Тој дури и поднесе амандман со  кој  побара гласањето за овој референдум да се одржи на 8-ми октомври, една седмица порано од понудениот датум.   Коларов дури  понуди и поддршка за гласање на референдумот и од страна на СДСМ, доколку се одржи една седмица  порано. Но овој амандман беше одбиен од мнозинството  во велешкиот совет, со образложение дека ,, со одржување  на 15 октомври се намалуваат трошоците, а на 8-ми октомври кога во Велес е Питијадата ќе немало одѕив на гласачите,,.  

Со оваа одлука    граѓаните на општина Велес ќе треба да се изјаснат  на прашањето:  ,,Дали сте за населување и интеграција на мигранти на територијата на Општина Велес,,?. На ова прашање граѓаните ќе можат да се изјаснат со заокружување на зборот ,,за,, и зборот ,,против,, и така ќе го кажат својот став. 

Од владејачката  коалиција на  локално  ниво,  на  седницата  не присуствуваше  и не    гласаше Бесим Ахмедов од   Турската Демократска партија.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати