И во Велес се маршираше за чист воздух (фото)

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден претпладне и Велес беше дел од глобалната акција за посветена на   21 септември , Светскиот ден на мирот,  кога се одржа Маршот за чист воздух под мотото „Воздух за мир“.   О2 Коалицијата за чист воздух, заедно со Првата детска амбасада во светот - Меѓаши и Скопје смог аларм, беа организатор  на настанот кој во Велес го поддржаа Гимназијата,, Кочо Рацин,,  и детските градинки ,,Димче Мирчев,,.    

Проблемот со загадениот воздух на РМ е горлив. Поради загаден воздух во Македонија на годишно ниво умираат околу 3.500 луѓе. Од 10 најзагадени градови во Европа, три се македонски. Да прекинеме да бидеме на врвот на светските и европските листи само по лошо. Да покажеме дека знаеме и можеме да се справиме со проблемот. Здравата животна средина ни е гарантирана со Уставот на РМ. Без воздух, нема мир и ние нема да се откажеме додека нашите барања не се исполнат во целост! – пораката од организаторите.

Неколку стотини ученици  и деца минаа по велешките  улици за да испратат порака до сограѓаните, минувачите и ја подигнат свеста за чистиот воздух.    Оти Велес се до 2005-тата додека работеше Топилницата,  беше меѓу најзагадените градови во Европа, според квалитетот  на воздухот. 

фотографиите се на Детската амбасада Меѓаши 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати