И годинава во Гимназијата,специјализирана спортска паралелка за фудбал во прва година

Петар Печков

Во велешката Гимназија е во тек уписот на ученици за спортската паралелка. Таа е дел од Спортската академија со седиште во Скопје.  Специјализираната паралелка во прва година, годинава како и сите претходни  ќе биде за фудбал.

Уписот е во тек, и тоа се до два дена пред селекцијата која ќе се изведе на 19 мај на Градски стадион во Велес, со почеток во 10ч. а изборот е по пат на селекција. Уписот е во зградата  Гимназијата, се пријавуваат ученици од Велес, Градско, Чашка и Лозово.

На учениците кои ќе бидат примени, а кои не се од регионот каде што ќе ја посетуваат наставата, ќе им биде обезбедено сместување и храна, а превоз до училиштето и до спортските терени ќе биде обезбеден за сите ученици, во согласност со законот. Обезбедена е стипендија од 3.500 ден месечно.

Теоретската настава се одвива во склоп на СОУ Гимназија “Кочо Рацин”- Велес. За учениците кои доаѓаат од други општини обезбедено е сместување во интернат. Спортската академија од Скопје, нејзин тим ќе го направи изборот на учениците.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати