И дел од велешките работници од приватниот сектор, не добиле К-15

Петар Печков

Во Велес во различни сектори не е исплатен К-15. За ова реагирале работниците до граѓанско здружение а  некои и до  Државниот инспекторат за труд.

Работници од повеќе сектори од Скопје, Тетово, Делчево, Валандово, Кратово, Штип, Велес се обратиле во Здружението „Гласен Текстилец“, за да реагираат затоа што не добиле К-15, или пак добиле исплата на помал износ од предвидениот, а на некои им е ветено дека истиот ќе го добијат со јануарската плата“, изјави Кристина Ампева, претседател  на Здружението  „Гласен Текстилец“ од  Штип.

Во Државниот инспекторат за труд во првите работни  11 дена годинава  стигнале 248 претставки за неисплатен регрес за годишен одмор, популарно наречен К-15. Претставките се поднесени во сите подрачни единици вклучувајќи ја и дирекцијата. 

Од Државниот инспекторат за труд велат дека во случај кога ќе се утврди дека регресот не е исплатен инспекторите му оставаат рок на работодавецот да го исплати, па ако не го исплати, се поведува прекршочна постапка.

Сумирани резултати од вонредните контроли во компаниите се очекуваат до крајот на следниот месец. Сите оние газди кои на работниците не им исплатиле регрес во висина од најмалку 9.665 денари, се соочуваат со глоба од 4.000 евра.

loading...

Поврзани »

loading...

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

  • да, за нив секогаш имам време
  • имам многу обврски, тешко се наоѓа
Резултати