И за шамари се одговара пред суд, тепањето не е од рајот излезено

Петар Печков

Директорот на ОУ Лирија во Горно Јаболчиште  парично е казнет затоа што удрил ученик.  Х.Ш. е прогласен за виновен за кривичното дело ,,телесна повреда,, во Основен суд Велес, за што ќе плати  500 евра глоба.

Според обвинението  настанот се случил на  19 октомври минатата година, околу 10.30 часот, кога  детето излегувајќи од тоалетот бил пресретнат од обвинетиот, кој   без никаков повод му пришол и со двете раце, со шамари го удрил по лицето и по главата и тоа во пределот на десниот и левиот  образ и уши и во задниот дел од главата, со што му нанел телесна повреда  и предизвикал страв од настанот, несоница, вртоглавица и главоболка. Оштетениот бил  ученик во 9  одделение.

Обвинетиот  се бранел дека критичниот ден во неговата канцеларија дошле ученици од 7 одделение и му кажале дека некој го скршил парното кој бил проект на УСАИД и се уште не било пуштено во употреба. Тој отишол да ја испита ситуацијата, по што видел четири деца ученици,  меѓу нив и  детето тужител,  дека ги карал оти не биле на час а истиот бил почнат, не ги почитувала правилата на училиштето, но никако не го удрил ученикот.  Пресудата не е правосилна.

Мајка доби условна затворска казна оти  ја тепала ќерката.  Таа беше прогласена за виновна во Основен суд Велес  за кривичното дело  ,,телесна повреда,, . Неа судот и изрече  казна затвор во траење од шест месеци,  кои нема да се извршат ако обвинетата за време од една година по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.

Мајката во периодот од 27.08.2015 година до 01.02.2016 година, кога  детето спогодбено и било  доделено на чување, воспитување и одгледување, при вршење на семејно насилство и го нарушила здравјето на детето  на возраст од 7 ,5  години.

Според обвинението додека девојчето било кај мајка си  таа постојано ја карала и викала велејќи дека е немирна и неподнослива и ја удирала по лицето и телото, а притоа ја навредувала со зборовите ,,ѓубре, стоко една,, како последица на што, кај девојчето  настапило мешано растројство на поведението и емоциите,  изразено со анксиозност, плашливост, несигурност.

Обвинетата негира дека така постапувала со детето,  дека карањето кон нејзиното дете е во рамките на воспитувањето и дека целокупната постапка е поведена и преставува измислена приказна од нејзиниот поранешен сопруг со цел да го добие старателството врз детето. Пресудата е правосилна.

Велешанецот А.Б.  доби казна затвор во траење од четири месеци казна која нема да се  изврши доколку обвинетиот во време од една година по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.

Тој е прогласен за виновен  во Основен суд Велес за ,,телесна повреда,, Настанот се случил на  27.04.2016 година околу 15-16 часот во додека детето   си играл со други деца, обвинетиот А.Б. му го нарушил здравјето на детето  удирајќи му шамар во десниот образ.

Со ова според обвинението му  причинил  му душевна болка изразена во страв, вознемиреност, напнатост, детето не сака да зборува за трауматскиот настан, сака да си замине без да се присетува за настанот, со појава на ноќно мокрење и потреба од соодветна терапија и лекарска контрола.  Обвинетиот негира дека му удрил шамар на детето, туку само го бркал од пред куќата. Пресудата не е правосилна.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати