КК Борец баскет во новата сезона, член на Првата лига Б група

Петар Печков

Кошаркарите на КК Борец баскет, во новата сезона ќе настапуваат во Првата лига. Административно Втората лига се преименува во Прва лига, откако Првата стана Супер лига. 

Првата лига брои 15 екипи, поделени во две групи, од по 7 односно 8.

Велешани се во групта „Б“ каде членки се:  1. Бутел, 2. Спортисимо, 3. Струмица ФМП, 4. Борец баскет, 5. Соколи 1933, 6. Ролинг, 7. Овче поле, 8. Шкупи.   Во првото коло играат Борец баскет – Соколи 1933 од Штип.

Датумот на почетокот уште не е прецизиран а можно е да започне на 18 октомври. Hовина  во овој формат е дозволата за потпишување со еден странски кошаркар. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате и во Македонија да се воведе забрана за употреба на социјални мрежи за деца до 12 години и строга регулација на пристапот за малолетници до 16 години?

  • Да
  • Не
Резултати