КМФ Велес пред првата титула

Петар Печков

Со убедливата победа од 3:7 на гостувањето кај третопласираната екипа од табелата КМФ Кратово, велешени се пред освојување на првата титула. За тоа им е потребен и бод од натпреварот со екипата на КМФ Шкупи.  Средбата е закажана за в четврток од 19,30 ч. во салата Гемиџии. Натпреварот од претпоследното коло беше вистински тест за велешани, бидејќи кратовци се трети а претходно играа нерешено со КМФ Велес а го победија ланскиот првак Шкупи. Но стравувањата по конечниот резултат се покажаа како неосновани. Бодовната разлика помеѓу првопласираниот КМФ Велес и вториот КМФ Шкупи  е еден бод и затоа домаќинот му одговара и конечен резултатат без победник. 

Се одигра и дербито на Втората футсал лига.  Во сала Гемиџии се сретнаа првопласираниот тим на КМФ Црна Река од Кавадарци и  домаќинот КМФ Гемиџии 1903 а конечниот резултат е 6:6, со што велешани  останаа на второто место кое ги носи во Прва лига. Во последното коло КМФ Гемиџии 1903 играат во Кочани.  Третопласираната екипа  од Втората лига Шкендија од Тетово ќе игра бараж со 8-мо пласираната екипа од Првата лига.  

Фудбалерките на Борец претпреа тежок пораз на домашен терен од екипата на ЖАС Јунајтед. Стружанки на Градски славеа со 0:9, во натпревар кој домаќинки го одиграа со осетно подмладен состав и без најискусните. Така сега стружанки се приближија на само два бода предност, пред послендото коло. Борец падна за едно место и е  четврти со 40 бода. Во последното коло гостува кај лидерот Тиверија во Струмица, каде домаќинките треб а да ја слават шампионската титула.

Фудбалската федерација на Македонија донесе одлуката бараж средбите за пласман односно опстанок во првата македонска фудбалска лига за сезонава да се играат во Скопје односно Струмица.

Бараж средбата помеѓу Гостивар и Борец која ќе одлучува која од овие две екипи ќе играат против Победа, е закажана за 30. мај во 16:30 часот на комплексот Петар Милошевски во Скопје. Победникот од овој меч од двата второпласирани тима, во западната односно, источната второлигашка конкуренција сезонава, ќе се сретне со тимот на Победа Прилеп. Овој бараж меч ќе се игра во Струмица на 3. јуни, исто така во 16:30 часот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати