КМФ Велес со победа и реми во продолжението на Првата лига

Петар Печков

Два  натпревари одигра лидерот на  првенството во Првата лига,  екипата на КМФ Велес, изминатите денови.

Во редовното 15 коло, во Тетово со високи 7:3 велешани славеа над претпоследната екипа на  СЕЕ Универзитет, која има само една победа. Тоа бил натпревар без многу неизвесност и со сигурна победа за лидерот. 

Претходно во заостана натпревар од 10-тото коло, КМФ Велес гостуваше во Кратово, каде одигра нерешено 5:5  во средба со многу  пресврти и неизвеност. Иако  на полувремето  велешани воделе со 3:0, домаќините повеле во со 5:4 во 34-та минута. КМФ Велес во 38 израмнуваат а во последната  секунда Кратово промашува празен гол за победа. За илустрација домаќинот претходно го победи актуелниот шампион Шкупи.  Во следото 15 коло дома, во салата  гемиџии Велес, кој и  натаму е лидер,  го пречекува штипски Астибо кој е трет на табелата. 

 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати