КМФ Кеги моби реди уверливи победи во Втората футсал лига

Петар Печков

Фудбалерите на футсал екипата  на КМФ Кеги моби, редат победи во Втората лига. На домашен терен во  6-тото коло велешкиот второлигаш победи со високи 9:2 екипата на СЕ Универзитет Тетово, која беше шесто пласирана.  Полесен тренинг за домаќинот во салата Гемиџии за зацврстување на лидерската позиција, шест победи од шест натпревари. Во следно коло КМФ Кеги моби  гостува кај ланскиот прволигаш екипата на Мал Ајакс  во Штип.

Во 9-тото коло од Втората кошаркарска лига, екипата на КК Борец баскет загуби во Скопје, на Чаир.  Во „тесна завршница“, домаќинот  Шкупи излезе како победник со 81:78 . По ова коло велешани се и натаму на 9-тото место со 12 бода.  Во следното коло во Велс, во салата Гемиџии доаѓа екипа на КК Баскет КАМ од Македонска Каменица која е четврто пласирана во група на екипи со по 14 бода.

фото Радица Дукова

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати