КМФ Кеги моби супериорен во дербито во Битола

Петар Печков

Во Битола се одигра дерби натпреварот од Вторатa футсал лига, каде се сретнаа двете непоразени екипи, домаќинот КМФ Конзули од Битола и КМФ Кеги моби од Велес. Велешани супериорни, славеа со убедливи 1:6, (0:1).

КМФ Кеги моби  со став дека „Домаќините беа домаќини само во првиот дел, поради острата игра во вториот дел, спремноста на нашиот тим покажа колку може и зошто е таму, каде е. Мали нерегуларности на домашната екипа и мал инцидент во вториот дел што КМФ Кеги Моби Велес им врати со полна мрежа голови“.

Домаќините пак причината за високиот пораз ја наоѓаат во неискуството ни и  притисокот од натпреварот кој беше  борба на првото место.

КМФ Кеги моби ова му беше трет врзан дерби натпревар со екипи кои беа во врвот и сите ги доби уверливо. Така остана осамен на лидерската поизиција,  5 натпревари, исто толку победи. Следно коло КМФ Кеги Моби Велес игра на домашен терен против екипата  на СЕЕ Универзитет од Тетово, која е 6-та со три победи. Лигата брои 12 екипи.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати