Казните да бидат на просечна плата не на капитација, бараат приватните доктори

Петар Печков

Приватните лекари реагираат на  казните кои ги изрекува Фондот за здравство а тие биле на цела капитација, наспроти  нивните барања да се на просечна плата,  како што било во јавното здравство.  Ова на прес конференција го кажа д-р Лили Чолакова Дервишова  претседател на Здружението на приватни лекари. 

За средбите со претставниците со ФЗО околу казнената политика, казните да бидат на просечна плата, предлогот од Здружението на приватни лекари  не беше прифатен.  Останува казната да биде на цела капитација.  Имаме казна која е драконска и која лошо влијае врз нашиот меѓусебен однос доктори фонд, како партнери.  Вакви казни нема во јавното - секундарно и терцијарно здравство, само во примарно, иако според  Уставот сме исти.  Дали ова се препораките на Светска Здравствена организација, со која преговараме една година. Бараме да видиме што таа препорача а што досега е прифатено. Тие зборуваат за здружување, наградување а не за казни - кажа д-р Чолакова Дервишова. 

Таа во името на 1,5 илјади доктори побара казните во примарното здравство  да бидат на просечна плата, како што е во јавното. Апелираше  во името на сите матични доктори, ФЗО  за размисли за казнената политика  бидејќи со  толкава казна на цела капитација, докторот нема да можел да  земе плата и  да плати здравствено осигурување и ПИОМ. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати