Какви стручни кадри да образуваат средните училишта во градот

Петар Печков

Уписната политика во средните училишта во Велес, резултат на потребата на пазарот на трудот или на образовниот кадар во школите  заради часови. Ова се наметна како дилема по  денешната расправа во која учествуваа стопанственици од градот и  директорите на средните училишта.   

Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски како домаќин на расправата  кажа дека е неопходна  дебата за да се усогласи уписната политика, според потребите на пазарот на работна рака. 

Како да се усогласат барањата на училишта и бизнис заедницата, да не се произведуваат профили кои не се потребни. Или да не создаваме млади кои бидејќи нема работа, ќе сакаат  да заминат од земјава. Не е доцна да се отвори ова прашање. Јас иднината ја гледам во форсирањето на средните стручни училиште. Има профили од кои нема потреба за постоење. од друга страна имаме недостиг на кадри во стопанството а создаваме завршени ученици инвалиди со диплома која никаде не можат да ја искористат   - рече Коцевски.  

 Изненаден сум како кадар продуцира во Економското училиште, кој е тотално непотребен. А не слушнав ниту еден профил за градежништво, каде има недостиг на работна рака - рече Сашко Лазаров  од Хотел Романтик. 

 Љупчо Горгиев  сопственик Изгрев инженеринг праша како училиштата дошле до бројките за упис. Дали е тоа резултат на некаква анализа и согледување на пазарот на работна рака.

Сашко Крстевски од Модната конфекција ,,Стоби,,  констатира дека се создаваат профили по училиштата по  инерција, кои се исти со годините, не што пазарот на трудот диктира и тие не соодветствуваат со реалните барања. 

Зоран Мирсинов сопственик на ,,Мирана,, кажа дека и да се планира какви кадри требаат, неизвесно е по четири години, по завршувањето на средното образование дали пазарот ќе ги апсорбира.  

Во дискусијата се констатираше дека во средните училишта во Велес има профили за кои има потреба од вработување, но има слаб интерес за запишување. Беа споменати заварувач, касап, месопреработувач. Претставникот на Месната индустрија ,,Агриа,, дури јавно кажа дека платата за месар и касап кај нив е повеќе од 30 илјади денари но нема работници со соодветно образование. Наспроти тоа во СОУ ,,Димитрие Чуповски,, годинава во прва се запишале само осум ученици за касап во прва година.    Директорот на велешката Крзнара Атанас Киров образложи дека тие можат да помогнат една да образува профил крзнар, оти се судруваат со немање на стручна работна рака.  

 Сопственикот на ,,ЈУ-КА,,конфекција Трајче Димитриевски зборуваше дека и предрасудите ги бркаат младите од некои струки.  

Конфекционерите имаат потреба од кадар и вработувања, иако во градот има две илјади текстилци. Ова е генерален проблем во Македонија.  Прашањето е како да се создаде клима за работа во конфекциите. Работата не е тешка, но лошата реклама ги брка младите.  А платите се движат од 14 до 20 илјади денари - рече Димитриевски.

 Љубица  Јаневска од ,,Ронтис,,  со став дека училиштата не се занимаваат со доквалификација.  

Ние во компаниите сме тренинг центар за да обезбедиме кадар.  И додека овој период сме во потрага по работна рака, посетивме повеќе велешки села. Иако средното образование е задолжително, најдовме на многу млади родени 97 и помлади кои се без овој степен на образование - рече Јаневска.   

Во прилог на ова говореше и претставник на германски ,,Макрард,,  ,,Кај нас од 610 вработени  најмногу се со средна економска, па мораме да ги преквалификуваме,,. 

Претставник на ,,Брако,, се пожали дека образованието со три годишно средно е проблематично, оти не може да се вработуваат лица со 17 години и се малолетни а процедурата за нив била тешка и бирократска. Тој дополни дека бројките за невработени во Агенцијата за вработување се нереални.  

,,Бараме машински техничар а на Биро ги има 41. На разговор доаѓаат  2-3 млади, на кои не можете да им понудите работа. Формално се 41, практично  ги нема, не знаме каде се, не верувам дека и во Бирото знаат каде се сите тие.   Два пати годишно бараме од Агенцијата да ни пратат кандидати едвај еден ќе најдеме да ангажираме,,.

 Директорката на СОУ ,,Димитрие Чупоски,, Маја Хеско потсети дека некои од училиштата се регионални и создаваат кадар за поширок регион, не само за Велес.

Директорот на Гимназијата Гоце Алексовски проблемот го прошири, дека не е само на средните училиште.

 ,,Треба учениците да се профилираат, едуцираат што сакаат и во основното образование. Кога ќе дојдат кај нас во средните доаѓа готов ученик кој тука го завршува образованието,,.    

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати