Каков црковен живот се одвива во црквата Св. Кирил и Методиј (фото)

Петар Печков

Од 10-ти септември црквата Св. Кирил и Методиј ги отвори вратите за  верниците, се градеше 11 години, а од деновиве таа ги дава и услугите кон верниците. За црковниот живот кој се одвива таму од разговорот со протојереј  ставрофор м-р Горан Панзов, старешина на црквата.  

 Кое е работното време на црквата? 

Работи  од 06 до  22 часот навечер. Ги повикувам сите православни христијани, сите граѓани на Велес сите гости во градот да дојдат да  ја посетат црквата.  

 Кои црковни  услуги  ги  давате  во овој храм?

Венчавки,   крштавки, молитви. Секои утро во 7,30ч. утрини литургии  во 16ч. се вечерни богослужби.  Свечени литургии  ќе има секој верски празник обележан со црвено и црно крвче во православниот календар.  Ако  забележите поголемиот дел од деновите во  годинава се одбележани со црно крвче  така што и на тие помали светители ќе се служат литургии во оваа црква. Во црквата ќе се случуваат венчавките, долу во кршталната крштавките. Може д а  се прават големи и мали молитви, да се дигаат панагии за здравје и за се  она што ќе бидат заинтересирани луѓето.  Имаме канцеларија каде можат да се пријават верниците за нивните потреби. Термините за венчавки се 16,30,  17,30, 18,30, 19,30 а за крштевање се 10, 11, 12ч. кај  велешани има голем интерес за  крштавки. 

Има луѓе кои сакаат да ја прошетаат, да ја разгледаат, да дознаат за иконостасот за  поставеноста на фреските. Има ли некој кој ќе им раскаже, ќе ги упати?  

Сите  кои ќе  изразат желба да ја посетат црквата, ќе бидат приемни од страна на свештениците или ѓаконот. Тука е и монографијата која е издадена а во неа се сите податоци од почетокот на изградбата на храмот како и за секоја фреска што значи, каде  е  поставена и за  иконостасот како е резбан. Монографијата  може да се  набави  во црквата.   Треба да потсетам дека  фрескоживописувањето го изврши тајфата на  Св. Апостол Лука а иконостасот е дело  на Љубомир Бисин.  Посетителите би ги замолил  да се однесуваат според кодексот на православната црква.  Тоа   мажите да  бидат облечени во долги панталони и кошула со долги ракави, жените  со сукна и на главата марама. Или барем  на долги панталони  и со долга сукна.  

Ги поканувам сите кои сакаат својот духовен мир да си го најдат, нека повелат  тука. Можат потоа да  го посета црковниот двор, каде создадовме такво амбиент каде што секоја вечер имаме многу млади  кои доаѓаат и седат тука.  Нека дојдат да ја  видат  фреската на Откровението на  Светиот Јован,  единствена во македонските храмови.   

Камбанаријата кога чука?  

Секогаш ќе чука во 7,30 и во 16ч. или пред почеток на утрената  пред почетокот на вечерната молитва.  

Имате и други простории во црквата. За што  ќе служат?

Во еден планиран за веронаука, секој  кој сака да слуша за неа и место  каде ќе се  промовира теологијата.  Има и просторија за младинскиот црковен хор Св. Кирил и Методиј каде тие ќе пробаат.  

Колку е голем интересот за користење на оваа црква, говори и тоа што досега 29 млади брачни пара веќе договориле  венчавки додека за крштавки има 30 договорени термини.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати