Како македонските гласачи гласале на претседателските избори, во петте претходни

Петар Печков

Во 1994, на 16 октомври,  на гласачкото ливче биле двајца кандидати  Киро Глигоров од Сојузот за Македонија и Љубиша Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Од запишаните 1.360.729 гласале 77,4%. Од нив 715.087 или 67,86% биле за Киро Глигоров, со што тој стана претседател а за Георгиевски гласале 197.109 - 18,7% а неважечки биле дури 12% од гласачките ливчиња. 

На вторите претседателски избори одржани на 14-ти ноември 1999 имаше пет кандидати. По првиот круг најмногу гласови од излезените гласачи доби Тито Петковски од СДСМ 31%, пред Борис Трајковски со 21%. Останатите Васил Тупурковски од Демократска Алтернатива доби 15,7%,  Муарем Неџипи од ДПА 15%, Стојан Андов од ЛДП 10,8% и Мухамед Алили од ПДП 4,4%. Неважечки биле 3 отсто од гласовите. Во првиот круг излегле 1.050.615 гласачи или 65 отсто од запишаните 1.613.284 гласачи. Во вториот круг, од двајцата со најмногу добиени гласови во првиот, победи Борис Трајковски со освоени 52,38% а Тито Петковски доби 46,16%. На второто гласање излегле 1.112.703 гласачи што е 69,1% од запишаните. Неважечки биле 1,46% гласачки ливчиња.  

На третите претседателски избори, одржани на 14 април 2004-тата имаше четворица кандидати. По првиот круг најмногу гласови освои Бранко Црвенкоски од СДСМ со 41.2% пред Сашко Кедев од ВМРО-ДПМНЕ со  33,04%. Потоа следеа: Гзим Острени ДУИ доби 14,35% и Зуди Џелили ДПА 8,42%. Неважечки беа 3 отсто од гласачките ливчиња. Во првиот круг од запишани 1.695.103 граѓани во избирачкиот список,гласале  935.372 или 55,2%.Во вториот круг излегле 53,6%. Повеќето од нив гласале за Бранко Црвенковски, кој со освоени 60,52% стана претседател, додека Сашко Кедев освои 36,2%., неважечки биле 3,28%.

Четвртите претседателски избори се одржаа на 22 март 2009 година, имаше седум кандидати. Во првиот круг излегоа 1.019.268 гласачи, што е 56,88%, од 1.792.082 запишани избирачи. Се гласаше за Имер Сељмани (Нова демократија) освои 14,95% , Мируше Хоџа (ДПА) 3,06%, Нано Ружин (ЛДП) 4,06%, Ѓорге Иванов (ВМРО-ДПМНЕ) 35,04%, Љубе Бошкоски (независен) 14,88%, Агрон Буџаку (ДИУ) 7,46% и Љубомир Данаилов – Фрчкоски (СДСМ) 20,54%..Неважечки биле 3,2%.Во вториот круг победи Ѓорге Иванов со 59,37% а Љубомир Данаилов – Фрчкоски освои 34,66%, неважечки биле 6%. . Одѕивот на гласачите во вториот круг бил 42,61%, малку над законскиот минимум од 40%.

На петтите претседателски избори одржани на 13 април 2014, учествуваа  четворица кандидати Ѓорге Иванов (ВМРО-ДПММЕ) освои 51,69%, Стево Пендаровски (СДСМ) 37,51%, Иљаз Халими (ДПА) 4,48% и Зоран Поповски (ГРОМ) 3,6%.Неважечки биле 2,72%.   Од запишаните 1.779.572 гласачи во првиот круг гласале 48,86%,  Во вториот круг гласале 967.694 граѓани, односно 54,38%. Победи Ѓорге Иванов со 55,28% а Стево Пендаровски освои 41,14%, неважечки биле 3,59%. а гласале 54,36%. 

Најголема излезност за гласање на претседателски избори имало на првите  во 1994-та со 77,4%.

Најмногу неважечки ливчиња имало на првите претседателски избори дури 12%.

Најмногу гласови има освоени Киро Глигоров во првата претседателска трка со  67,86%.

Најголем пресвет има направено кандидатот Борис Трајковски, на вторите претседателски избори, кога во првиот круг губеше од Тито Петковски со 21% : 31%, за да во вториот круг победи со 52,38% : 46,16%. 

Вториот круг од Претседателските избори во 2014-та се одржаа со вонредните парламентари избори.

Претседателските избори во 2009-та се одржаа заедно со локалните избори. 

Претседателските избори во 2004-та беа вонредни, поради смртта на Борис Трајковски.

На претседателските избори во 2014-та во вториот круг имало поголема излезност отколку во првиот 48,9% : 54,4%.

Најмала излезност на  гласачите имало во вториот круг  на претседателскиот избори во 2009 бил 42,61%, малку над законскиот минимум од 40%.

На вторите претседателски избори  во 1999 година имало најмногу кандидати, дури седум. 

Најмалку кандидати имало на првите 1994-та само двајца. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати