Камион удри во велосипедист

Петар Печков

Вчера, сабота попладне, близу Градскиот базен се случила сообраќајка, кога камион удрил во велосипедист. Рекреативецот за среќа минал со полесни повреди. Информацијата ја споделија од МВР.

Саботата околу 15,45ч. кај испусниот канал близу зградата на ЈКП Дервен, на улица  Вардарска, се случила сообраќајна незгода. Тегнач со полуприколка со прилепски регистарски таблички, марка  ,,Волво,, сопственост на тамошна фирма, управувано од Д.П. (20 год) удрил во велосипедистот Т.М. (36 год). Велосипедистот со возило на итната  медицинска помош е префрлен на хируршкото одделение на ЈЗУ Општа Болница Велес. Дежурните доктори констатирале нагмечувања  на главата и десното рамо, и и по извршените прегледи е констатирано дека има полесни  телесни повреди и е пуштен  дома - изјавија од  МВР, 

Екипа на СВР Велес извршила увид, по што ќе се  знаат причините за незгодата.  До незгодата дошло при  заобиколување на велосипедистот  од страна на  камионот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати