Кантите се поделија, ама навиките останаа

Петар Печков

Лошата навика на дел од сограѓаните остана, ѓубрето на улица наместо во кантите за смет. Иако локалните власти поделија   без малку две илјади канти за смет, ѓубрето завршува на јавните површини. Најдобра илустрација е на улицата Архиепископ Михаил, каде на најфреквентните места има купишта ѓубре.  

Ни се поделија коприте за ѓубре, ама и сами гледате наместо во нив, соседите ги фрлаат на отворено, на  местото каде порано имаше контејнер. Иако има знак дека е забрането фрлање, иако се знае кога во кој дел од денот и кој ден,  се собира сметот, тој се остава тука постојано. И што да се каже за овие лоши навики на некои од соседите – велат жителите кои живеат во близина на дивата депонија.   

Минатата година  се поделија 1,1 илјади   за комунален отпад и 800 за отпад од пакувања, на 15 улици од градот.  Кога се делеа кантите за смет, надлежните порачаа дека тие се  да се користат за таа намена, а  не за чување на зелка, рече тогаш директорот на ЈКП Дервен Фиданчо Цековски.  

Наспроти оваа негова констатација, постар велешанец минувајќи покрај надлежните, кои му ветија дека и неговото семејство ќе добие, тој им кажа дека за нив корпите се неупотребливи.  

Живеам на улица каде трактор не може да мине. Во кантата  го собирам сметот, но каде да ја  оставам за да се испразни. Тоа е проблем, како кантата да ја донесам  до местото каде се остава сметот  –  им  порача  старецот на  присутните претставници од локалната власт и ЈКП 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати