Карпа падна од Цуцка (фото)

Петар Печков

На  регионалниот  пат Велес -  Градско, на излезот од Велес,  утрово падна карпа. Тоа е во близина на мостот на реката Тополка а карпата паднала од т.н. Цуцка,,. 

Во СВР Велес во 8,30ч. е пријавено дека е падната карпата. Од 8,30 во застој е патничкиот сообраќај и сите возила се пренасочуваат од Велес за Градско, Гевгелија, Прилеп, Кавадарци  и Неготино,  и обратно преку автопат.

Еден блок  карпа паднал и на  железничката пруга Велес- Гевгелија. Така  се до отстранување  на камениот  блок, железничкиот и патниот  сообраќај на  оваа релација ќе бидат во прекин. 

Нема информации дека при  паѓањето на карпата има повредено минувачи.    

благодарност до посетителите на ТрМр кои ги  испратија фотографиите

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати